Меѓународната организација на трудот го одбележува 28 април како Светски ден за безбедност и здравје на работа. Тоа е меморијален ден кој е посветен на работниците кои своите животи ги изгубиле поради повреди на работа и професионални болести.
Според сознанијата на ССМ некои од газдите, претежно во поголемите фабрики, правеле вештачки прекин во работата, само за да исплатат половина од платата и покрај тоа што вработените работеле прекувремено.
ССМ бара што поскоро да се санкционираат работадавачите кои се богатат на грбот на граѓаните.
Работодавачите да не ја користат кризната ситуација и да исплаќаат двојно пониска плата за вработените.
-Работниците работат во 4 смени. Потоа газдите го прекинуваат производството на 2 дена, каде прават вештачки прекин на работата и со тоа им исплаќаат за 50% пониска плата на работниците, изјави Дарко Димовски, претседател на ССМ.
Оваа години ССМ ќе го „дигитализира маршот“, здравје и безбедни работници, сигурни работни места, бидејќи знаеме дека многу работни места се изгубија во овој кризен период. Апелирам работниците да не ја губат надежта, ние им нудиме бесплатна правна помош.
Бараме достоинствени плати и да не се злоупотребува ситуацијата со корона вирусот. Социјална заштита мора да биде вклучена тука. Сметам дека ние како ССМ, Владата, работодавачите и невладините, можат да го овозможат ова кога сме засегнати со пандемијата, изјави Димовски.
Извор: Слободен Печат