ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Нема инфлација и ценовен шок, намалените цени на горивата демантираа уште една лага на ДПМНЕ и Мицкоски

Проверено е дека најефикасен лек против лагите е вистината, а вистината за привременото зголемување на акцизата е дека до септември во државната каса ќе се слеат дополнителни средства кои наменски и транспарентно ќе се потрошат за мерките за закрепнување на економијата. И вистина е дека кога цените на горивата ќе започнат да се зголемуваат трите денари од акцизата ќе се укинат.

April 28, 2020 09:15
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема крај на лажните вести во креација на ВМРО-ДПМНЕ. Последен случај од нивната ризница на лаги е дека со привременото зголемување на акцизата на горивата за три денари во државата ќе има ценовен шок и инфлација, реагираат од СДСМ.

„Најсилен демант за ваквата изјава на ВМРО-ДПМНЕ се новите цени на горивата кои од денеска се продаваат по намалени цени. Од 2.5 до 4 денари се намалени цените по литар гориво, односно се потврди прогнозата на Владата, кога ја воведе привремената акциза, дека цените на горивата ќе бележат тенденција на опаѓање и дека тие три денари воопшто нема да преставуваат финансиски товар ниту за граѓаните, ниту за компаниите.

Со ова е јасно дека во државата ќе нема ниту инфлација, ниту некакви ценовни шокови, тоа е само лажна информација од ВМРО-ДПМНЕ, која има за цел да создаде страв кај граѓаните и да ја поттикне нивната недоверба во институциите кои во периодов посветено, одговорно и одлучно се спротивставуваат на здравствената и на економската криза.

Проверено е дека најефикасен лек против лагите е вистината, а вистината за привременото зголемување на акцизата е дека до септември во државната каса ќе се слеат дополнителни средства кои наменски и транспарентно ќе се потрошат за мерките за закрепнување на економијата. И вистина е дека кога цените на горивата ќе започнат да се зголемуваат трите денари од акцизата ќе се укинат.

Но, вистината секогаш ги боли во ВМРО-ДПМНЕ и затоа ова со инфлацијата и ценовниот шок не е прва лага, а сигурни сме дека не е ниту последена. ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ја злоупотребува здравствената криза и со лажни вести влева паника и страв кај населението.

Вистината е дека на ВМРО ДПМНЕ му пречат резултатите кои ги постигнуваат државните институции во справувањето со коронавирусот и успесите во надминувањето на економската криза. Ако на тоа се надополни и европскиот успех на државата во време на коронавирус јасно е што ги прави очајни во ВМРО-ДПМНЕ и во недостаток на знаење, солидарност и зрелост, ним им остануваат лажните вести како единствен начин на дејствување“, се вели во соопштението на СДСМ“, велат од владеачката партија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk