ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Oд утре нови осум милиони евра бескаматни кредити за стопанството

Минималниот износ на кредит изнесува 3 000 евра, додека максималниот е 90 000 евра.

April 28, 2020 11:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во време кога државата е соочена со економските последици предизвикани од коронавирусот, Владата продолжува со спроведување на мерките кои имаат за цел да им помогнат на граѓаните, работниците и на стопанството, пишува во соопштението на СДСМ.
„Една од последните мерки е новиот пакет кредити без камата во износ од осум милиони евра, пари кои можат да ги искористат компаниите. Минималниот износ на кредит изнесува 3 000 евра, додека максималниот е 90 000 евра.

За овие кредити аплицирањето започнува утре, на 29 април, а главен услов за аплицирање е компанијата да има за 30 проценти намален приход во март 2020 година во однос на март 2019-та или во однос на просечните месечни приходи за 2019 година.

Сите фирми кои ќе пресметаат намалени приходи, а им се неопходни брзи пари за надминување на економските последици може да аплицираат за овие бескаматни кредити кои се поволни, а чиј рок на отплата е до три години со грејс- период од 12 месеци.

Покрај овие кредити, Владата обезбеди и финансиска поддршка за работниците погодени од кризата кои ќе добиваат по 14.500 денари месечни приходи за април и мај. Оние кои останале без работа поради кризата со коронавирусот имаат можност да добиваат 50 отсто од просечната плата што ја добивале во последните две години.

За да им се намали финансискиот товар на домаќинствата и компаниите плаќањето на ратите на кредитите во банките е одложено за шест месеци, а извршните дејствија на извршителите се запрени до 30 јуни.

Ова се само дел од мерките со кои им се помага на граѓаните, работниците и на комапниите за полесно да ги санираат економските последици од коронавирусот. Посветеноста и одговорноста на владата не завршува тука, во наредниот  период следува нов пакет на мерки за уште посилна поддршка на домашната економија.

Со солидарност, со одговорни политики и со знаење ќе се справиме со негативните економски последици од пандемијата на коронавирусот. Нема да се откажеме од планот за европска и економски силна држава“, се вели во партиското соопштение.

Next Post

Филипче: Им оддавам чест на сите мои колеги кои се во првите борбени редови против корона вирусот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk