Асоцијацијата на здруженија на работодавачи на превозните трговски друштва во државава Макам-транс денес излезе на протест со барање да се укине Уредбата за зголемување на акцизата на горивата за три денари и да се воведе прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности. Како што најавија, колоната од возила се движеше по определена маршута почнувајќи од клучката Хиподром за влез во Скопје, а при движењето низ центарот на Скопје подзастануваа пред зградите на Владата и на Собранието каде што се движеа бавно и ги вклучуваа сирените за да испратат порака.
И.Ежова
Монтажа: Ариан Мехмети