ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Националниот ден на Холандија одбележан со подарок за здравствените работници и пациентите

Овој гест, како што истакна амбасадорот на Холандија, е во знак на нашата почит за напорната работа и несебичното залагање на здравствените работници во Северна Македонија.

April 28, 2020 13:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Денот на кралот – Националниот ден на Кралството Холандија, холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп денеска симболично подари 1.100 лалиња и стотина книги од холандски автори преведени на македонски и албански јазик, за здравствените работници, како и за пациентите заболени од корона вирус.

Подарокот симболично го примија министерот за надворешни работи Никола Димитров и заменик-министерот за здравство Арменд Арслани.

– Во нормални околности би го прославувале Денот на кралот со голема забава, но очигледно оваа година не можеме да го направиме тоа. Затоа одлучивме да направиме еден симболичен гест по тој повод и го купивме буквално секое лале што го најдовме во оваа држава.

Успеавме да најдеме 1.100 лалиња и исто така успеавме да најдеме книги од холандски автори преведени на македонски и албански јазик околу стотина, кои сакаме да ги подариме на вработените во клиниките и во Институтот за јавно здравје, како и на пациентите заболени од корона вирус, рече Коп.

Овој гест, како што истакна амбасадорот, е во знак на нашата почит за напорната работа и несебичното залагање на здравствените работници во Северна Македонија.

Димитров, од своја страна, го честиташе Националниот ден на Кралството Холандија. – Чест ми е што денеска по овој повод заедно со нашите креативни холандски пријатели оддаваме почит и благодарност за пожртвуваниот и несебичен ангажман на здравствените работници, истакна Димитров.

Заменик министерот за здравство Арслани се заблагодари на Кралството Холандија за севкупната поддршка на здравствениот систем.

– Она што не обединува сите е истата мисла и истата цел – што поуспешно справување со коронавирусот, па оттука и денешните лалиња и книги се само една симболика и за благодарноста но и за бескрајната почит кон здравствените работници кои овој период го даваат својот максимум за лекување и третман на пациентите од Ковид-19, изјави Арслани, упатувајќи честитки до амбасадорот Коп по повод Националниот ден на Холандија.

Денот на Кралот во Холандија вообичаено се прославува со многу улични забави, детски игри и пазари на отворено додека Кралот и неговото семејство патуваат секоја година на различно место во Холандија за да го прослават денот со локалното население. Оваа година сите манифестации на Денот на Кралот беа откажани поради коронавирусот и Кралот и се обрати на нацијата по онлјан изведбата на химната „Вилхелмус“ во која сите членови на светски познатиот Royal Concertgebouworkest свиреа од своите домови.

Next Post

Двајцата насилници ја признаа вината за навредите и тепањето на 21 годишната штипјанка

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk