ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Димковски: Од почетокот на годинава се исплатени 85 милиони евра за субвенции, годинава со 50 отсто ќе се субвенционира набавка на „зелена нафта“

Од почетокот на годинава исплатени се 85 милиони евра за субвенции, од кои 30 милиони евра се за производителите на тутун, а 55 милиони евра се за останатите земјоделци. Сите директни основни плаќања, односно субвенции по глава и по хектар се исплатени, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски на вечерашната дебата на телевизија Телма

April 28, 2020 20:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од почетокот на годинава исплатени се 85 милиони евра за субвенции, од кои 30 милиони евра се за производителите на тутун, а 55 милиони евра се за останатите земјоделци. Сите директни основни плаќања, односно субвенции по глава и по хектар се исплатени, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски на вечерашната дебата на телевизија Телма.

„Денеска околу 110 милиони денари се префрлени за останати обврски и се надевам дека од овие пари ќе се исплатат 400 денари за заклано јагне предадено во кланични капацитети за минатата година, како и за дополнителната мерка од 700 денари за оставено женско јагне во сточниот фонд“, додаде Димковски.

Тој нагласи дека за оставено женско јагне вкупната финансиска поддршка е зголемена на 2500 денари, што на некој начин значи субвенционирање на целата вредност на јагнето.

Министерот Димковски најави дека наскоро ќе почне дистрибуцијата на зелените картици за субвенционирање на „зелената нафта“ за 2020 година.

„Подигнувањето на зелените картици за 2019-та година е до крај на овој месец, се чека да заврши овој рок, и ќе се влезе во дистрибуција на зелените картици за 2020 година, односно преземени на аплицирани субвенции за 2019-та година бидејќи така беше и минатата година. Оваа година субвенцијата за покривање на трошоците за гориво е 50 отсто. Во текот на следниот месец би започнал овој процес“, додаде Димковски.

Next Post

Обезбедени 50 милиони евра заем од Светска банка за исплата на плати за работниците во приватниот сектор

Најново

ВОЛК ЗАЛОВЕН ВО СКОПСКА НАСЕЛБА: Бил чуван незаконски со ремче и ланец

May 13, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 13 мај 2026: Врвен моментум и незапирлива акција

May 13, 2026

Филипче: Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

May 12, 2026

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

May 12, 2026

Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk