ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Никола Спасов: Одамна му ги читам глупостите на Героски, ама ова за смртноста од коронавирус во Македонија нема да му ја отќутам

После објавата на Героски дека наводно „Македонците најмногу умираат од ковид-19“, Никола Спасов од агенцијата „Рејтинг“, ги демантира, како што вели, глупостите на Героски и објаснува каква е методологијата кога се пресметува процентот на смртноста. Спасов наведува дека смртноста на глобално ниво се мери во процент на починати од заразени. Тоа е релевантната бројка која секаде ја среќаваме по медиуми и анализи.

April 28, 2020 22:39
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

После објавата на Героски дека наводно „Македонците најмногу умираат од ковид-19“, Никола Спасов од агенцијата „Рејтинг“, ги демантира, како што вели, глупостите на Героски и објаснува каква е методологијата кога се пресметува процентот на смртноста. Спасов наведува дека смртноста на глобално ниво се мери во процент на починати од заразени и дека тоа е релевантната бројка која секаде ја среќаваме по медиуми и анализи.

„Геровски покрај тоа што беше експерт за многу работи вклчително и епидемиологија, од денес откривме дека е есперт за статистика. Човекот е несомнено со голем капацитет. Одамна му ги читам глупостите, ама ова за смртноста од коронавирус во Македонија нема да му ја отќутам.

Прво, смртноста на глобално ниво се мери во процент на починати од заразени. Тоа е релевантната бројка која секаде ја среќаваме по медиуми и анализи. Сигурно сте налетале на информации за смртност 3%, 4%…скоро по сите медиуми тоа се бројките кои се известуваат. Според таа статистика, смртноста од коронавирусот на светско ниво во моментов изнесува 6,92%.

Никој не го интерсира колку луѓе починале од коронавирусот на милион жители како што анализира Геровски. Бидејќи според таа анализа во првите пет земји во светот се Андора и Сан Марино. Сте слушнале некој да известува каква страшна смртност има во овие две земји? Секако не. Според истата анализа, Германија има смртност од 74 починати на еден милион или двојно повеќе од нас! Леле мајко! А сте слушнале ли некој да паничи каква страшна смртност има во Германија? Секако дека не, затоа што реалната смртност во Германија е 3,88%.

Анализа на милион жители е единствено релеванта кога станува збор за број на тестови. Секако, сајтот на кој се повикува Геро, worldometers ги има и двете анализи, за тестови и починати на еден милион жители, но СЗО и епидемиолозите бројката на смртност на милион жители воопшто не ја користат, туку оваа на починати од заразени.

Е сега, откако откривме која бројка реално треба да се анализира, а не која статистичарот Геровски пробува да ја продаде, да ги видиме и бројките.
Според табелата во прилог (анализата е заклучно со денешните бројки) ние имаме помала смртност од европскиот и од светскиот просек. Односно смртноста во МКД денес е 5,00%, европскиот просек е 9,53% а светскиот 6,92%.

Второ, имаме пониска смртност од Словенија и Грција, а статистички незначајно поголема смртност (или да му превеам на Геро – нема разлика) со Бугарија. Значи не четири пати поголема смртност од Бугарија колега аналитичар, туку статистички незначајно различно. Единствено статистички значајно пониска смртност во регионот од Македонија имаат Србија и Црна Гора и Хрватска. Ова се може да се види во табелата.

И сега можам да продолжам да му објаснувам зошто е сеуште мал примерокот да се пресметува смртноста, ама тој е голем статистичар и знае. На пример сигурно знае дека само со денешните, за жал, починати 6 лица смртноста во Македонија се качи од 4,4 на 5 проценти. Тоа значи дека ако утре и задутре имаме среќа и нема починати, со новите заразени може пак да падне на 4,4 и така да се менува се додека примерокот значително не се зголеми и веќе дневните промени не влијаат драстично на вкупниот процент.

Па кои се другите варијабли кои може да влијаат на смртноста, како интензитетот на социјалната интеракција, општото здравје на нациите, просечна старост и сл..ама он тоа го знае. Геро е стар статистичар, искусен.
Поздрав колега.“, пишува Никола Спасов од агенцијата „Рејтинг“на Фејсбук,

 

Next Post

Прегазено четиригодишно дете во Струмица, возачот побегнал

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk