ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

СДСМ: Чулев се става над истрагата, МВР нема утврдено кога е направена снимката со Мицкоски во фитнес центарот

Министерот Наќе Чулев се постави над законот, над истрагата, за да го заштити партискиот шеф Христијан Мицкоски за кого се појави видео во јавноста како посетува теретана во период кога постои забрана за работа на фитнес центрите, порачуваат од СДСМ.

April 29, 2020 09:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот Наќе Чулев се постави над законот, над истрагата, за да го заштити партискиот шеф Христијан Мицкоски за кого се појави видео во јавноста како посетува теретана во период кога постои забрана за работа на фитнес центрите, порачуваат од СДСМ.

„Уште незавршена, Чулев ја затвори истрагата за случајот и тоа го објави во јавноста, иако датумот кога е направена видео снимката се уште не е утврден од страна на полицијата, а тоа во случајов се наметнува како клучно за да се утврди дали Мицкоски, во придружба на командантот на единицата „Тигар“ и уште еден полициски работник, посетувал теретана во време кога на сила се забраните против коронавирусот. Овој факт е важен за јавноста да биде правилно и точно информирана за настанот.

Ја потсетуваме јавноста дека претходно, исто во период на забрана за работа на теретаните, на медиумите се појави фотографија како Мицкоски со спортска торба излегува од фитнес центар, а потоа призна дека бил во посета, но само да ја земе торбата која му останала таму. И овој случај е завршена приказна за Чулев без да ја извести јавноста што навистина барал Мицкоски таму.
Последниот случај со видео снимката на Мицкоски и на командантот на Тигрите Бисовски е класичен пример како министерот пред време се става во заштита на Мицкоски.
Неприфатливо е во ситуација во која полицијата нема утврдено од кога потекнува снимката, министерот да носи заклучоци кои се штетни за правната држава и за владеење на правото и кои се поттикнати од лични и партиски интереси. 
Ние нема да замижиме пред фактот дека истрагата за потенцијалното несовесно однесување на лица од ВМРО ДПМНЕ во време на пандемија и натаму не е завршена, се додека не се утврди вистината.
Нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да го претвори МВР во партиска испостава, во МВРО-ВМРО. Конечно треба да им стане јасно и на Мицкоски и на Чулев дека секој во државата денес одговара за неодговорно и незаконско постапување и дека во Северна Македонија владее правна држава.
Ваквиот обид да се прикријат факти за настанот во теретаната нема да успее. Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината за случајот“, стои во денешното соопштение од СДСМ. 
Next Post

Градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски се откажува од делот од платата ако помине предлогот од Уставен суд

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk