ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Петров: Со флексибилноста на економските мерки се спасуваат повеќе работни места и повеќе компании

Нашите мерки носеле и ќе носат резултати. За тоа зборува и вчерашните проекции од Светската Банка според кои се проценува дека Северна Македонија најдобро ќе се справи со економскиот удар од кризата од сите земји во регионот.

April 30, 2020 17:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ова се тешки моменти за сите граѓани на нашата земја. Корона вирусот комплетно ги промени нашите животи. Загрижени сте за вашите работни места, за вашите компании кои макотрпно сте ги граделе со години. Загрижени сте за вашата иднина. Го разбираме вашиот страв но запомнете, во оваа битка со корона кризата, не сте сами. Заедно ќе го изодиме овој тежок пат и верувам дека заедно ќе излеземе од оваа криза уште посилни, изјави Коста Петров, потпретседател на СДСМ.
„Од самата појава на корона вирусот во нашата земја, целите на Владата предводена од СДСМ беа јасни. Да се помогне на што повеќе граѓани, да зачуваме што повеќе работни места,  да ги поддржиме компаниите на нашите сограѓани но и да ги поставиме темелите за рестарт на нашата економија кога ќе заврши кризата.

Помошта од 14.500 денари по вработен, обезбедена од Владата, заедно со Светска банка, значи спас на многу работни места но и сигурност во животите на нашите сограѓани за време на корона кризата. За да може што повеќе фирми да аплицираат а со тоа и да се спасат многу повеќе работни места, обезбедена е флексибилност во условите за користење на мерките.

Со оваа нова флексибилнот им помагаме на нашите сограѓани од најпогодените сектори од кризата како угостителството, туризмот и транспортот покрај 14.500 по вработен, да добијат поддршка и од 50% од придонесите за април и мај“, рече Петров.


„Во претходните неколку дена имаше и многу дискусија дали треба да се вратат средствата кои ќе ги добиете како финансиска поддршка.

Фирмите кои ќе ја користат мерката помош од 14.500 по вработен, дури и да покажат добивка за 2020 година, нема да треба да ја вратат помошта што ја добиле од Владата, ако  истата сума на пари ја инвестираат во развој на сопствената фирма во текот на 2021 година.

Со цел, што повеќе компании да аплицираат за оваа мерка а со тоа да се спасат многу повеќе работни места, фирмите можат да ги користат сите мерки на Владата, исклучиво доколку не спроведат отпуштања од поголеми размери, односно доколку евентуалните отпуштања не се поголеми од 5% за големи компании, 10% за средни компании и 15 % за микро компании. Напоменуваме, целта на оваа флексибилност е да се зголеми бројот на компаниите кои ќе ја користат финансиската помош. Зборуваме за флексибилност која може да спаси илјадници работни места на нашите сограѓани.

Почитувани, заеднички ќе ја пребродиме оваа криза. Не ги забораваме ниту нашите сограѓани кои поради корона кризата ќе останат без работат. Владата преку друга мерка обезбедува 50% од просечна плата што ја земал граѓанинот, преку системот на социјална заштита.

Ние не застануваме тука. Како солидарна партија која инвестира и се грижи за сите свои граѓани, во моментов развиваме решенија за рестарт на македонската економија преку храбри, креативни и иновативни чекори со кои ќе обезбедиме создавање на нови работни места.

Нашите мерки носеле и ќе носат резултати. За тоа зборува и вчерашните проекции од Светската Банка според кои се проценува дека Северна Македонија најдобро ќе се справи со економскиот удар од кризата од сите земји во регионот.

Почитувани граѓани, заедно сме во ова и сите заедно ќе излеземе посилни од оваа криза“, изјави Петров.

 

Next Post

Сугарески: Заеви имаат традиција на хуманост и донаторство, режимлиите пак со директивите од Будимпешта

Shortcut

Најново

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk