ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Влада: Благодарност за придонесот на сите работници кои учествуваат во одржливоста на виталните дејности на нашата земја

Вонредната состојба и коронавирусот нема да нѐ спречи да го славиме трудот на работничките и работниците затоа што тие се силата за развојот на нашето општество.

May 1, 2020 08:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија на Фејсбук упати честитка до сите работнички и работници по повод Денот на трудот, 1 мај.

Во статусот се нагласува дека приоритет на Владата е здравјето на сите граѓани, донесени се мерки за зачувување на работните места и платите на секој вработен.

Оваа година Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, празникот на работничките и работниците, го славиме во вонредна состојба заради последиците што ги донесе економско-здравствената криза од корона вирусот.

Освен здравјето на луѓето, кризата се закани да загрози илјадници работни места и затоа Владата на Република Северна Македонија го стави здравјето на сите граѓани на врвното место во борбата за справување со коронавирусот и веднаш донесе мерки за зачувување на работните места и за безбедноста при работењето.

Вонредната состојба и коронавирусот нема да нѐ спречи да го славиме трудот на работничките и работниците затоа што тие се силата за развојот на нашето општество.

Затоа креиравме мерки кои во врвот на приоритетите ги ставаат одржувањето на работните места и платите на вработените.

Изразуваме наша голема благодарност за придонесот на работничките и работниците и во овие услови да учествуваат во одржливоста на стопанството и виталните дејности на нашата земја. Овој вонреден напор, труд и ангажман на секој работник мора да биде ценет и од работодавците и од државата.

Им оддаваме огромно признание на сите работници во земјата кои уште еднаш ни ја покажаа вредноста на трудот и на солидарноста. Посебна благодарност до здравствените работнички и работници, како и до вработените во полицијата и Армијата, кои од првата линија на справувањето со кризата, ги создаваат условите да го уредиме нашето секојдневие во новата нормала и за напредок на нашата држава.

Честит 1 Мај, нека е за многу години!, се вели во статусот на Владата на Република Северна Македонија по повод Денот на трудот, 1 мај.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Сарачини: МВРО - сами не донираат, не даваат друг да донира

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk