ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Дојдовме до решение – Нема отпуштање на работници, ако фирмата добива финансиска поддршка

На владината седница, денес на 1 Мај, усвоивме две уредби со законска сила – можност работниците кои ги загубиле работните места во текот на кризата да бидат вратени на работното место до 7 мај и со тоа да добијат плата за месец април и допрецизирање на уредбата за финансиска поддршка од 14.500 денари со цел засилување на владината политика за спас на работни места, а во согласност со синдикатите, вели Ангеловска во објавата на Фејсбук

May 1, 2020 15:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Преку конструктивен дијалог, секогаш можеме да дојдеме до решенија кои ќе ги пресретнат очекувањата на двете страни, а истите се во интерес на заштита на работните места и заштита и на оние кои ги изгубиле работните места, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска по усвојувањето на измените на двете уредби со кои се нуди можност работниците кои ги загубиле работните места во текот на кризата да можат да бидат вратени на работа и се допрецизираат условите во кои не смее да се отпуштаат работници ако се користи мерката за субвенционирање на плати.

– На владината седница, денес на 1 Мај, усвоивме две уредби со законска сила – можност работниците кои ги загубиле работните места во текот на кризата да бидат вратени на работното место до 7 мај и со тоа да добијат плата за месец април и допрецизирање на уредбата за финансиска поддршка од 14.500 денари со цел засилување на владината политика за спас на работни места, а во согласност со синдикатите, вели Ангеловска во објавата на Фејсбук.

Со промените, усогласени со синдикатите и граѓанските здруженија за заштита на работничките права, се утврдува дека работодавачот кој ќе користи финансиска поддршка за исплата на плати, не смее да го намали бројот на вработени во месец април 2020 година, како и два месеци после нејзиното престанување (заклучно со месец јули 2020 година)

Ангеловска појаснува дека работодавачите кои одјавиле работник од задолжително социјално осигурување во периодот од 11 март до 30 април  може да склучат спогодба за враќање на работа со што работникот ќе се врати на работното место и ќе земе плата за месец април, а доколку работникот не сака да се врати на работа, тогаш работодавачот може на негово место да пријави друго, невработено лице.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

Уште една успешна акција на БЈБ, пронајдено е 2.5 килограми хероин, автоматски пушки и пиштоли

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk