„Ние како државна изборна комисија сме подготвени да организираме избори, меѓутоа подготвени да организираме избори во нормална атмосвера и нормални услови“, вели Оливер Дерковски во изјава за Тв21.
Дерковски вели дека организирањето на избори во вакви услови и посебни протоколи, подразбира овозможување на такви услови од страна на државата и намален процент на излезност кај населението.
„Времето што ќе треба еден гласач да го оствари своето право на глас автоматски ќе се пролонгира, сметајќи на сите потребни процеси за контрола на гласачот, за симнување на ракавиците, прскање со спреј, контрола со ув ламба, дезинфекција на самото гласачко место. Тоа значи дека за целиот изборен ден веројатноста да излезат поголем број на граѓани да гласаат ќе биде многу помала“, додава Оливер Дерковски.