ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Клеменс Која: Жените, децата, лицата со попреченост, маргинализираните и раселените најпогодени од коронарестрикциите

Која нагласи дека рестрикциите на движење на глобално ниво придонеле за пораст на семејното насилство, поради што Мисијата на ОБСЕ, заедно со МТСП и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство работат заедно при справувањето со овој предизвик.

May 3, 2020 08:45
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Рестрикциите кои што произлегоа од состојбата со коронавирусот имаат влијание врз сите, но тоа е повеќе изразено кај некои групи на граѓани. Меѓу најранливите се жените, децата, лицата со попреченост, маргинализираните и раселените лица.

Ова во интервју за МИА го порача шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, кој говореше за тоа како мисијата се справува со епидемијата на Ковид-19.

Освен донациите за полицијата, здравствените работници и новинарите, мисијата на ОБСЕ во моментов работи и со Министерството за труд и социјална политика за донација на основни прехранбени пакети и дистрибуција до регистрираните жртви на семејно насилство, кои се меѓу најранливите во општеството за време на кризната состојба.

Која нагласи дека рестрикциите на движење на глобално ниво придонеле за пораст на семејното насилство, поради што Мисијата на ОБСЕ, заедно со МТСП и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство работат заедно при справувањето со овој предизвик.

Вели голем број експерти предупредувале дека оваа криза ќе ја зголеми нееднаквоста низ светот, а образованието е пример за ваквото тврдење. Амбасадорот Која во интервјуто за МИА нагласува дека Ковид-19 создал паралелна епидемија од дезинформации и полувистини.

Како Мисијата се справува со состојбата со Ковид-19 во земјава? Како вие се адаптирате на предизвиците за време на епидемија?

Во овие тешки времиња за сите, ние во Мисијата правиме што можеме за да и помогнеме на Владата и на народот на Северна Македонија да се справат брзо и ефективно со епидемијата со Ковид-19. Дониравме неопходна опрема за лична заштита што би користела на полицијата и здравствените работници кои ги ризикуваат своите животи борејќи се против вирусот. Дониравме и опрема за лична заштита на Здружението на новинари која што беше дистрибуирана до медиумските работници, кои имаат клучна улога да ја информираат јавноста за епидемијата и владините мерки за справување со кризата. Исто така, дониравме и теренско возило на Црвениот крст од Тетово за да им помогнеме на храбрите волонтери од оваа организација полесно да ги дистрибуираат основните намирници низ населените места на територијата на оваа општина.

Во моментов работиме и со Министерството за труд и социјална политика на донација на основни прехранбени пакети и дистрибуција на истите до регистрираните жртви на семејно насилство кои се меѓу најранливите во општеството за време на кризната состојба.

Спомнавте дека им помагате на оние на кои им е најмногу потребна помош. Како состојбата со ковид-19 влијаеше на најранливите во нашата држава според вас?

Рестрикциите кои што произлегоа од оваа состојба имаат влијание врз сите, но тоа е повеќе изразено кај некои групи на граѓани. Помеѓу најранливите се жените, децата, лицата со попреченост, маргинализираните и раселените лица.

Потребни се солидарност и ефикасни институционални мерки за да се справиме со предизвиците како зголемениот ризик од семејно насилство кога семејствата се принудени да останат во своите домови во текот на целиот ден и секојдневно.

Лицата кои се позитивни на вирусот, како и медицинскиот персонал што се грижи за инфицираните лица, се исто така ранливи категории на граѓани. Важно е тие да не бидат вознемирувани и навредувани и да не се повредуваат нивните човекови права, како што видовме дека се случува во некои држави.

Забележавме дека Мисијата проактивно се залага за ефикасно справување со случаите на семејно насилство. Што ве натера да се фокусирате на ова специфично прашање?

Рестрикциите на движење на глобално ниво придонесоа кон пораст на семејното насилство. Имајќи го ова предвид, работевме заедно со Министерството за труд и социјална политика и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство при справувањето со овој предизвик. Затоа што нашето минатогодишно истражување покажа дека семејното насилство во најголем дел останува непријавено, ние заедно со нашите партнери вложуваме секакви напори за да допреме до жртвите на семејно насилство и да ги насочиме кон постоечката институционална поддршка која што им е на располагање.

Каков е вашиот став за дезинформациите за време на кризата Ковид-19?

Ковид-19 создаде паралелна епидемија од дезинформации и полувистини. Затоа постојано ги потсетуваме сите дека е важно информациите на кои им веруваат и ги споделуваат да бидат од веродостојни извори.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје е активна во медиумската област. Иако новинарките и новинарите се во првите борбени редови во борбата со Ковид-19, голем дел од нив и медиумските работнички и работници стравуваат да не ја изгубат својата работа како последица од економската криза. Кој е вашиот коментар за ова?

Ковид-19 пандемијата ја донесе најголемата економска криза што светот ја памети после големата економска криза позната како „Големата депресија“. Жалосно е што милиони луѓе низ светот ги изгубија своите работни места и многу од нив западнаа во сиромаштија.

Нашата Мисија нема мандат да делува во полето на економијата, но ние би сториле се што е во можност на нашите ограничени средства да ги поддржиме владините напори за ублажување на социјалните последици од оваа дупла криза. Така на пример, ние обезбедуваме храна за жртвите од семејно насилство, од кои голем дел остануваат со ограничени економски средства по напуштањето на насилничката врска во која што преходно биле.

Пред да се одложат изборите заради епидемијата, ОБСЕ-ОДИХР одржа прес конференција на која што информираше дека предвремените избори ќе бидат набљудувани од 250 привремени набљудувачи, но и од претставници на Парламентарното собрание на ОБСЕ и Советот на Европа, како и од постојани набљудувачи. Нејасно е кога ќе се одржат изборите, но, со оглед на состојбата со Ковид-19, дали ОБСЕ-ОДИХР е подготвена да продолжи со најавената мисија?

ОДИХР многупати до сега ги набљудувала изборите во оваа земја и воопшто не се сомневаме дека нашите колеги од Варшава ќе останат посветени да го продолжат изборниот мониторинг во Северна Македонија.

Со воведувањето на интернет наставата епидемијата отвори ново поглавје во образованието. До кој степен, според вашите познавања, постојат можности за интернет настава во државава, особено во помалите и посиромашни заедници?

Многу експерти предупредуваат дека оваа криза ќе ја зголеми нееднаквоста низ светот. Образованието е пример за ваквото тврдење. Со интернет наставата постои ризик децата од посиромашните семејства да заостанат во образованието затоа што нивните фамилии не можат да си ја припуштат современата технологија.

Next Post

Најмногу дожд во Охрид, северен ветер и утре

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk