Во моментот, во тек е лидерската средба на претседателот Стево Пендаровски во Вила Водно, на која присуствуваат лидерите на поголемите политички партии, Зоран Заев од СДСМ кој е придружуван од Љупчо Николовски, Христијан Мицкоски придружуван од Игор Јанушав, Мендух Тачи од ДПА, Африм Гаши од Алтернатива, Зијадин Села од АА и Биљал Касами од Беса, дознава ФРОНТЛАЈН.МК.
Интересен факт е што овој пат, за разлика од претходните лидерски средби кои се одржуваа во Клубот на пратеници, претседателите на партии пред да влезат на состанокот, ги оставиле телефоните и на средбата се без нив, а со тоа се остава помал простор за брифирање од „самото место“.
Сите лидери дојдоа придружувани од уште еден претставник на партијата.