ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ден Дончев поднесе оставка од функцијата директор на Фондот за здравство

Според образложението, функцијата ја напушта од здравствени и семејни причини.

May 5, 2020 14:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Актуелниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, си поднел неотповиклива оставка, потврдија за „360 степени“ извори од Владата. Според образложението, функцијата ја напушта од здравствени и семејни причини.

Извори од Владата не можат да потврдат дали неговата оставка ќе се разгледува и ќе биде прифатена уште на денешната владина седница.

Дончев стана директор во август 2017 година. Тој на парламентарните избори во 2016 г. беше носител на листата во првата изборна единица од коалицијата „ВМРО за Македонија“ и важи за близок до екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски.

Беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ кога Никола Груевски го презеде раководењето на партијата, но по несогласувањата со него ја напушти партијата и подоцна се приклучи и беше активен во Обединети за Македонија.

Во мандатот на Љубчо Георгиевски, Ден Дончев беше директор и на Македонски Телеком.

Инаку, во текот на раководењето со Фондот за здравство, опозицијата го споменуваше како активен учесник во аферата која ја нарече „Рекет 2“.

Станува збор за случајот „Диамед“. Според ВМРО-ДПМНЕ и екс-сопственичката на „Диамед“, Дончев заедно со министерот за здравство Венко Филипче се обиделе да ја попречат продажбата на оваа компанија на странскиот инвеститор „Диаверум“ од Шведска, со што сториле кривично дело, злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 од Кривичниот законик.

Ден Дончев ги отфрли овие обвинувања.

Извор: 360 степени

Next Post

Усвоени иницијативите Шар Планина да биде прогласена за Национален парк, а Осоговските планини заштитен предел

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk