ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев – Герберих на проштална средба: Со пријатели како Германија сигурни сме дека ќе успееме на нашиот пат кон ЕУ

Доказ за нашето цврсто пријателство во изминатите години беше и посетата на канцеларката Ангела Меркел на Скопје во септември 2018 година, како и неколкуте посети на претседателот Заев во Берлин по покана на канцеларката.

May 5, 2020 16:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, оствари проштална средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјата, Томас Герберих.

На средбата Заев истакна дека е голема чест тоа што го имавме Герберих за амбасадор на нашиот голем пријател и партнер Германија во изминатите три години кога, како што рече, е постигнат голем напредок на сите полиња и достигнати се значајни успеси, кои ја променија сликата за државата и во државата.

„По само три години од доаѓањето на власт на СДСМ, државата стана 30-та членка на НАТО и доби одлука за почеток на преговорите за членство во Европската Унија по 15 години во чекалницата. Во овие три години се забележа видлив раст во економијата, видливо подобрување на заштитата на слободите и правата на граѓаните, подобрување во судството и во борбата против корупцијата, решавање долгогодишни спорови со соседите во интерес на сите. Во изминатите три години направивме многу, но свесни сме дека имаме уште многу напорна работа пред нас. Сепак, со пријатели како Германија сигурни сме дека ќе успееме во нашиот пат кон развој, напредок и членство во Европската Унија“, порача Заев.

Доказ за нашето цврсто пријателство во изминатите години беше и посетата на канцеларката Ангела Меркел на Скопје во септември 2018 година, како и неколкуте посети на претседателот Заев во Берлин по покана на канцеларката.

Заев се заблагодари на личниот ангажман на амбасадорот Герберих за сите овие успеси додавајќи дека нашиот народ многу ја цени помошта што Германија постојано ѝ ја дава на нашата држава, а особено затоа што помошта несебично продолжува и во денешните тешки услови, во услови на пандемија на вирусот Ковид-19.

Од страна на претседателот на СДСМ беше потенцирана можноста за уште поголема соработка на Северна Македонија и Германија во економијата и отворање уште повеќе можности за инвестирање на германските компании во нашата земја.

Next Post

Обвиненија за 43-ца „играорци“ во Гевгелија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk