Претседтелот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за отвореното студио на Телевизија 24 изјави дека средината на јуни е добро време за избори, доколку втората вонредна состојба заврши на 16-ти мај и не биде продолжена.На прашањето за изјавата на Мицкоски дека неговата партија води двоцифрено, Заев вели дека доколку водат, зошто ВМРО-ДПМНЕ бега од избори.
„Анкетите уште пред корона-кризата покажаа дека нашата коалиција води со 5 проценти и мислам дека таа вредност во моментов е зголемена“, смета лидерот на СДСМ.
ОДИХР рекоа дека се подготвени и за нас другите земји да испратат набљудувачки мисии, потенцираше лидерот на СДСМ.
„Прво веројатно ќе нема масовни митинзи, директни контакти на групи на граѓани, да бидеме искрени – СДСМ ги собира своите поддржувачи, ВМРО своите, ДУИ своите ќе не биде без тоа. Има нови техники на кои што можеме да ги промовираме нашите програми, нашите кандидати. Она што е најважно граѓаните да знаат за што гласаат, какви се програмските ветувања и кои кадровски капацитети се ветуваат“, вели Заев.
Избирачкиот ден, вели Заев, одиме со маски, идентификацијата се прави директно со личната карта, се прска со спрејот рака дефинитивно, дезинфициенсот е овде пред да гласаме и после гласање, вели Заев.







