ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразени кога и да се случат избори, тоа е јасно, го знае и Мицкоски, сега треба да гледаме што е најдобро за државата. Најдобро за државата е да имаме брзи избори, да имаме функционален парламент, да имаме политичка влада со политичка одговорност, а притоа да избегнеме во случај во есен да се случи втор бран од здравствената криза“, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев, во вечерашното гостување на ТВ 24.
Тој смета дека Владата предводена од СДСМ има сериозни успеси, менаџментот со кризата е дополнителен успех кој го забележуваат граѓаните и затоа е сигурен во победа на претстојните парламентарни избори.
„Од друга страна неодговорноста на опозицијата и неучествувањето во сите овие процеси ќе биде казнето. Буквално коските им се тресеа од НАТО помислата, се ежеја од помислата на почеток на преговори со ЕУ, успеавме стратешките цели на државата да ги постигнеме, изградивме пријателство со сите… Се додека ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат вака неодговорно ќе губат на избори. Затоа е подобро порано да одиме, да ја завршиме таа работа. Институциите мора да бидат во целосна функција, да бидат сервис на граѓаните“, оцени Заев.