„Се оградивме од Максим Димитриевски, бидејќи беше изречена санкција, а тој не ја почитуваше. Поради тоа што добил санкци, ова било режимска власт. Законот мора да важи за сите. Тој ми е другар, сопартиец но законот важи за сите. Ако Заев и Мицкоски биле дома во самоизолација, тогаш и Максим требало да ја почитува самоизолацијата. Одговорноста е голема и треба да се биде пример“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев во емисијата „24 анализа“ и додаде дека Владата се грижи за Куманово исто како што и Максим Димитриевски се грижи за Куманово.
За тоа дали Димитриевски ќе има шанса за втор мандат, тој рече дека за тоа одлучуваат анкетите.
„Со изјавите кои ги дава ги напаѓа одлуките на Централниот комитет на СДСМ. Ние сме ги изградите нашите ставови, а денеска тој да зборува за други ставови не е во ред“, рече Заев.







