ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Денеска состанок на највисоко ниво меѓу ЕУ и Западен Балкан

Во рамките на претседателството на Хрватска со ЕУ, денес ќе се одржи онлајн состанок на највисоко ниво, на кој во фокус ќе биде ситуацијата со корона вирусот и предвидената помош за земјите од регионот.

May 6, 2020 07:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Шефовите на држави и влади на ЕУ и на земјите од западен Балкан денеска ќе одржат видео самит на кој главна тема ќе биде помошта за кризата со корона вирусот, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Овој самит во Загреб нема да се фокусира на проширувањето кон регионот, објаснија европските дипломати денеска, делумно поради санитарната криза, а делумно и поради тоа што проширувањето се третира во рамките на Советот за општи работи на ЕУ.

-ЕУ е најважниот партнер за регионот на западниот Балкан и оваа видеоконференција ќе го нагласи значењето на уникатните односи ЕУ – Западен Балкан, најави Советот на ЕУ.

ЕУ одлучи да му помогне на регионот со 3,3 милијарди евра поделени на шесте земји од регионот во знак на солидарност.

Овие фондови ќе бидат предмет на строг надзор од страна на ЕУ институциите.

-Ве уверувам дека секоја транша е предмет на многу строга ревизија и контролни механизми и доколку има и најмал сомнеж за потенцијална злоупотреба на фондовите, ќе отвориме истрага која може да доведе до кривичен процес. Фондовите на ЕУ се поврзани за многу строги услови, изјавија од Европската Комисија.

Иако начелно регионот беше исклучен од повеќето фондови и механизми за помош, Европската Унија се коригираше, па така од крајот на април земјите од регионот не треба повеќе да бараат посебни дозволи за увоз на медицинска опрема потребна за борбата против вирусот. Ова беше одговор на бројни критики, посебно во Србија, каде претседателот јавно изрази незадоволство од тоа што ЕУ помага помалку од Кина во неговата земја.

-Видовме проблеми во комуникацијата, се генерираа и ширеа лажни обвинувања за пријателството меѓу ЕУ и земјите од регионот, лидерите треба да се усогласат во пораките и треба да се спротивставиме на погрешната концепција за нашите односи, изјави висок ЕУ дипломат.

За ЕУ „нема сомнеж“ дека западниот Балкан е „близок партнер“ и дека ниту Кина ниту Русија не му се поблиски и поголеми пријатели на регионот.

Критики за јавија меѓутоа и поради фактот што овој самит нема да се фокусира на проширувањето, а загрепската декларација која треба да ја потпишат сите лидери утре не го споменува зборот проширување, ниту членство или пак преговори со Северна Македонија и Албанија.

Од ЕУ ги отфрлаат овие критики.

-Утре идејата е да се потврди уште еднаш ЕУ перспективата на регионот, ние тоа го правиме со нашите партнери. Фактот што имаше одлука за Северна Македонија на 26 март јасно покажува дека ЕУ перспективата е главен поттик за реформите кои се од бенефит за сите граѓани, покажавме дека испорачуваме кога нашите партнери испорачуваат.

Не разговараме за проширувањето, од една страна затоа што Ковид-19 е главна тема, но тоа не значи дека процесот се прекинал, процесот ќе продолжи на следната средба на Советот за општи работи во јуни, и ќе напредува, сметавме дека има специфична тема на која треба да се фокусираме, изјави висок ЕУ дипломат инволвиран во подготовката на самитот./МИА/ 

Next Post

Димова: Пандемијата откажа многу проекти на Еразмус+, најпроблематични се оние што се заглавени во тек на реализација

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk