„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја пропуштија шансата да се издигнат над партиските и личните интереси и да покажат конструктивност во надминување на здравствената криза. Наместо да се приклучат во битката и да застанат на страната на граѓаните и нивното здравје, тие избраа да се служат со лажни вести за коронавирусот во обид да создадат паника и страв, се вели во соопштението на СДСМ.
„Мицкоски излажа кога на јавноста и соопшти дека здравствениот систем не е подготвен за кризата и дека има само 100 тестови за вирусот, иако вистината е дека после таа изјава се направија илјадници тестови.
Потоа, ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека над 100.000 граѓани останале без своите работни места, иако вистината според официјалните податоци е дека само 7.000 работници изгубиле работа како последица на здравствената криза.
Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ немаше конзистентен став и во врска со економските мерки. Тие цело време се противеа на се што спроведуваат државните институции во обид да ги намалат економските последици. За една мерка не кажаа дека е добра, а сето тоа што го предлагаа немаше врска со реалноста и со капацитетот на државата.
Со недоличното, нехуманото и несолидарното однесување на ВМРО ДПМНЕ во време на здравствена криза, но и со продуцирање на лажни, опасни вести, Мицкоски самиот си го потврди поразот на следните избори.
Граѓаните знаат да направат разлика кој вистински се грижи за нивното здравје и за иднината на државата, а кој го користи моментот за партиска и лична промоција“, се вели во соопштението на СДСМ“, пишува во партиското соопштение.