Шпекулациите за нарушеното здравје на Ким започнаа откако тој не беше присутен на прославата на роденденот на неговиот дедо на 15 април, која е традиција во земјата. Ким не се појави во јавноста до крајот на месец април.
Гласините стивнаа откако Ким Џонг-Ун во саботата се појавил на отварање на фабрика за ѓубриво, а на отварањето се гледа толпа зад него како носи заштитни маски.
Изворите на САД и Јужна Кореја тврдат дека лидерот на Северна Кореја се изолирал во летна резиденција на источниот брег, откако кон средината на април некои од неговите соработници имале треска.
За споредба, минатите години, во периодите од јануари до април, лидерот на Северна Кореја во просек 50 пати се појавувал во јавност, а годинава само 17, што се поврзува со можна појава на корона вирус во Северна Кореја, вели членот на владејачката партија, Ким Бјунг-Ки.
А. Н. С.