ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пленковиќ: Одлуката за почеток на преговори со С. Македонија и Албанија е политичко наследство на претседавањето на Загреб со ЕУ

Во пресрет на денешниот виртуелен Самит ЕУ – Западен Балкан, Пленковиќ потенцира дека една од придобивките на актуелното хрватско претседавање со ЕУ, што завршува на крајот на јуни, е токму тоа што регионот на Западен Балкан повторно е вратен на агендата на Унијата.

May 6, 2020 11:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мартовската одлука за започнување преговори за членство со Северна Македонија и Албанија ќе остане запишана во историјата како политичко наследство на хрватското претседавање со ЕУ, што претставува голема работа, изјави премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ за бриселскиот портал „Политико“.

Според Пленковиќ, започнувањето на преговорите за членство со ЕУ, на кое земјава чекаше 15 години, „можеби немаше ниту да се случи, доколку Хрватска не претседаваше со Унијата“.

– Доколку коцката за претседавање се паднеше на некој повлијателен, Ве уверувам дека без разлика на добрата волја на останатите, во првите шест месеци на институционалниот циклус немаше да има толку настани што се однесуваат на Балканот, потенцира Пленковиќ.

Тој е уверен дека токму затоа Северна Македонија и Албанија „никогаш нема да го заборават тој сигнал на пријателство од ЕУ за време на хрватското претседавање“.

Во пресрет на денешниот виртуелен Самит ЕУ – Западен Балкан, Пленковиќ потенцира дека една од придобивките на актуелното хрватско претседавање со ЕУ, што завршува на крајот на јуни, е токму тоа што регионот на Западен Балкан повторно е вратен на агендата на Унијата.

Говорејќи за т.н. Загрепска декларација, што треба да биде усвоена на Самитот ЕУ – Западен Балкан, Пленковиќ нагласува дека би сакал таа да може да испрати силна поддршка на земјите од регионот.

– Реално направивме многу силен документ имајќи ги предвид околностите. Фактот што состанокот ќе се одржи претставува силен политички сигнал, додава Пленковиќ.

Тој смета дека Хрватска за време на претседавањето со ЕУ ги исполнила поставените цели и дека би било добро средби во овој формат на ниво на лидери на членките на Унијата и на земјите од Западен Балкан да се одржуваат секоја втора година./МИА/

Next Post

Филипче: Оздравени се 44 пациенти, од спроведени 292 тестирања денес, има 13 нови случаи на Ковид-19

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk