ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Стејт департмент: Русија и Кина шират дезинформации дека Ковид-19 е биолошко оружје

Русија и Кина ги ревидираат наративите поврзани со Ковид-19, вршат дезинформации во време на здравствена криза како тоа дека заразата е биолошко оружје, или средство за контрола на популацијата, додека нивните платформи и ботови се мегафони за пропаганда дека тие две земји се лидери на обновата после пандемијата.

May 6, 2020 17:23
in Uncategorized, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Русија и Кина ги ревидираат наративите поврзани со Ковид-19, вршат дезинформации во време на здравствена криза како тоа дека заразата е биолошко оружје, или средство за контрола на популацијата, додека нивните платформи и ботови се мегафони за пропаганда дека тие две земји се лидери на обновата после пандемијата.

Руски злонамерни актери пак, се подготвуваат да исфрлат во медиумскиот простор лажни вести за вакцината против коронавирусот, што наскоро ќе почне да се применува.

Ова денеска беше истакнато на телефонски прес брифинг со Филип Рикер, вршител на должноста помошник државен секретар за Европа и Евроазија и Леа Гебриел, претставник на Центарот за глобален ангажман (ГЕЦ) во американскиот Стејт департмент, пренесува МИА.

Рикер изјави дека САД досега најмногу придонеле во глобалната здравствената безбедност за минимизирање на последиците од коронавирусот.

-Во изминатите 20 години САД испратија 140 милијарди долари здравствена помош за Владите на многу земји, додека за борбата со Ковид-19 распределени се повеќе од 700 милиони долари помош за владите и околу четири милијарди помош од приватни и филантропски организации, изјави тој.

Според него, иако Русија шири дезинформации во Србија и Северна Македонија, САД се посебно фокусирани кон Западен Балкан, регион составен од земји кои се демократски и западно-ориентирани

-Неодамна Северна Македонија стана 30-та членка на НАТО, и таа заедно со Албанија започнаа преговори за влез во ЕУ. Сметаме дека земјите од Западен Балкан самите ја избираат својата иднина, истакна Рикер.

Америка и сојузниците се судираат со предизвикот на дезинформацијата околу ситуацијата со Ковид-19, изјави Гебриел.

-Во Европа постојат актери кои ја користат дезинформацијата како оружје и Владите треба да ја земат за сериозно оваа закана. Лажните наративи за коронавирусот не се регионална појава, и Кина и Русија се активни на ниво на цела Европа и на глобално ниво.

Според неа, Москва шири дезинформации во врска со Ковид-19 за зацврстување на своите надворешно-политички цели, и историски создаде екосистем на пропаганда користејќи го стравот и наративите за опасност. САД и сојузниците работат на откривање на руските тактики на дезинформација.

-Има најави дека руски актери ќе реагираат злонамерно во периодот пред и по појавата на вакцината против Ковид-19, и да го искористат тој момент за ширење конфузија и дезинфорации. Елементи на руска пропаганда се и лажните вести околу 5Г мрежата, во медиумскиот простор се исфрлаат дезинформации за Бил Гејтс, за многу примери за здравствени пробеми кои датираат од 2016 и претходно, посочи Гебриел.

Таа го наведе примерот од 2009 година, кога за време на поранешниот руски претседатал Димитриј Мидведев се прошири пропаганда дека САД ја ширеле болеста Зика преку комарци.

Кина од своја страна вперува прст за пандемијата кон други и продолжува да ја крие вистината, и е активна со пропаганда и дезинформациии на транспарентни платформи во демократските земји на глобално ниво, велат од ГЕЦ.

-САД ќе сторат се Комунистичката партија на Кина да не стане мегафон на дезинформации по овие платформи, и ова да се ограничи за време на криза. Од КПК се укажува дека само тие се најспремни да се справат Ковид-19, со употреба на ботови се обвинуваат други земји, изјави Гебриел.

Поради разијдување на ставовите во врска со тоа дали да се започне меѓународна истрага за кризата со коронавирусот, САД не учествуваа на донаторската конференција за вакцина завчера организирана од ЕУ. Се дознава дека постојат сознанија дека во ЕУ нема цврсти заложби за таква истрага, и покрај настојувањата на САД и Австралија. Белата куќа претходно им нареди на своите разузнавачи да започна истрага за улогата на Кина и Светската здравствена организација во пандемијата.

САД работат многу блиску и со ЕУ и со СЗО, но сепак во Вашингтон постои консензус дека Кина ги заташкала информациите за Ковид-19, проширила лажни информации, а за добила помош од СЗО, истакна Рикер.

Next Post

Започна Самитот на ЕУ за Западен Балкан Загреб 2020

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk