ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Економијата е стабилна, мерките што беа преземени се навремени

Државата, рече тој,  има намален дел од приходот во буџетот, криза е секаде, криза е кај нас, влијае на буџетот, тој е намален.

May 7, 2020 17:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Македонската економија е стабилна. Државата веќе обезбеди средства за првите два пакети мерки за поддршка на бизнисот, ако е потребно ќе обезбедиме и трет пакет. Мерките што се преземени се навремени. Обезбедени се и пари за покривање на дупката во Буџетот поради кризата, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Државата, рече тој,  има намален дел од приходот во буџетот, криза е секаде, криза е кај нас, влијае на буџетот, тој е намален.

-Обезбедивме пари за да ја покриеме таа дупка во буџетот. Обезбедивме пари за првиот и вториот пакет мерки, еве се испорачува. Имаме капацитет да обезбедиме трет пакет на мерки.  Тоа само укажува колку е стабилна македонската економија и колку се навремени мерките. Јас верувам дека Владата ќе има доволно храброст сите свои ресурси да ги впрегне за вбризгување пари преку приватната потрошувачка кој што ни е 65 проценти од БДП и јавната потрошувачка која што е 15 проценти. Тоа се 80,  а 20 проценти се увоз-извоз меѓународното движење на капиталот, но приватната  и јавната потрошувачка треба да бидат навистина потпомогнати и ќе видете дека ќе се развијат убави мерки за поддршка на угостителство и туризам, рече Заев на денешната прес-конференција.

Угостителството и туризмот, според Заев, ни се предност. Можеби, рече тој, ние немаме мориња, но она што угостителството и туризмот во БДП може да го имаат како учество до сега не ни е 50 отсто.

– Зборувам за пред кризата. Ајде сега да го покачиме. Да овозможиме дополнителна мотивација за  ресторани, хотели, туристички објекти, туристички потенцијали, а секако да го помогнеме најзагрозениот сектор што во моментот го имаме. Така што, тоа што го зборува Мицкоски се само статитистички податоци објавени од центарот за статистика. Коректно е да ги кажеш податоците, добро е,  криза има и кај нас како што има и во целиот свет.  Тој зборува како ништо да не се случило во Македонија, како да нема никаква криза или слично. Тоа само по себе кажува дека пуста политика, голо политикантство, само тоа го интересира и ништо друго се заради тоа што се очекуваат избори во државата, рече Заев.

Наш прв приоритет, рече, е здравјето на граѓаните, економијата.

-Насочени сме тука. Ние сме им поддршка на граѓаните. Треба да знаат дека државата , министерствата, институциите постојат заради граѓаните. Ќе направиме се, а имаме капацитет  тоа да го направиме, рече Заев апелирајќи секако натаму на солидарноста која, како што рече, е важна работа за да можеме уште повеќе дрќавата да биде капацитетна во помагањето.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски претходно на прес-конференција оцени дека економската состојба во државата е се потешка, дека економијата колабира и оди во амбис и оти се повеќе луѓе остануваат без своите работни места.

Next Post

(ВИДЕО) Петровска: Честит ден на полицијата!

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk