ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Завршен планот за скрининг од следната недела, ќе се анализира скокот во бројот на новoзаразени

Од почетокот на епидемијата во земјава, потврдени со КОВИД-19 се 1572,  оздравени се 1079, а активни случаи има 404.

May 8, 2020 07:12
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Скокот во бројот на нови инфицирани со КОВИД-19  –  потврдени 33 случаи за 24 часа, од кои најмногу во Скопје (11) и во Велес (девет), ќе се следи деновиве за да се утврди дали е случајност или некоја варијација, рече министерот за здравство Венко Филипче откако по неколку дена пад и повеќе оздравени отколку заразени, вчера повторно се зголеми бројот на нови позитивни на корона вирусот.

Покрај новите заразени во Скопје и Велес, во евиденцијата за претходните 24 часа вчера беа регистрирани и пет новозаболени во Прилеп, по двајца во Куманово, Тетово и Битола и по еден во Штип и Крива Паланка.

Според Филипче, тоа се резултати од само еден ден и од нив засега не може да се извлече заклучок за скокот. – Во неколку наврати имавме слични сценарија со значајно мал, но и значајно голем број заболени, во еден момент имаше и над 100 новодијагностицирани, рече министерот, додавајќи  дека денеска и утре ќе направи анализа за причините.

Вчера беше регистриран и уште еден починат пациент – на 70-годишна возраст од Велес, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес.  Со него, вкупниот број на починати од заразата достигна 89. Од почетокот на епидемијата во земјава, потврдени со КОВИД-19 се 1572,  оздравени се 1079, а активни случаи има 404.

 

Заразата во Велес од каде што се стигнати резултати за девет нови позитивни случаи, според градоначалникот Аце Коцевски, е точно лоцирана. Седуммина од нив се вработени во конфекцијата ЈУ-КА, а двајца се пензионери  кои тврделе дека седеле дома и оделе само до аптеки и до маркет да пазарат. Вкупниот број на заразени во  Велес со нив се искачи на 93.

Министерот Филипче соопшти дека Центарот за јавно здравје-Скопје и Институтот за јавно здравје го завршиле планот за скрининг кој треба да почне следната недела. Се работи за околу 400 до 500 тестови согласно со индикациите по критични групи на граѓани.

Ќе бидат опфатени здравствени работници, вработени во градинките, во домовите за стари лица во прва фаза, понатаму и припадници на полицијата, возачите во ЈСП, таксистите, вработените во јавни служби, пациентите пред хоспитализација, пациенти коишто треба да примат биолошка терапија односно категории за кои е важно да се процени ризикот и да се идентификуваат асимптоматските носители.

Скринингот ќе се прави со ПСР-тестовите преку матичните лекари. Во договор со Стоматолошката комора, брисови ќе се земаат и преку матичните стоматолози.

 

Монтажната болница, пак, која е подигната до Клиниката за инфективни болести и има капацитет од 72 кревета за кои сега нема потреба од користење, ќе може да функционира како ургентен интернистички центар. Тој ќе биде своевиден коридор и место за тријажа на пациентите – дали имаат или немаат коронавирус пред да се упатат до некоја  од клиниките.

Колку ќе трае полицискиот час викендов ќе се разговара на состанок денеска. Ќе се разгледуваат и можностите за олабавување на мерките кои би важеле од следната недела и, според препораките на стручните лица, кој ќе биде редоследот за враќање на процесите и нормализирање на состојбата, вклучително и дали ќе има услови за одржување избори.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

ФОТО: МИА

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија шампионската титула

June 3, 2025
Фото: Скриншот, видео ТНТ Спорт

(ВИДЕО) Дембеле громогласно пречекан на Ролан Гарос со трофејот од Лигата на шампиони

June 3, 2025

Предлог на Русија за капитулација на Украина? Што пишува во рускиот меморандум

June 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Завршија преговорите Русија – Украина во Истанбул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додека лавчињата се касаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меѓународниот ден на детето одбележан со посветеност и емпатија во Амбасадата на Република Словачка во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Мицкоски му било жал што Арсовска добивалa закани по живот, таа вели – ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk