ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

До 21 часот повеќе од 1.4 милиони оздравени од корона вирус во светот

May 10, 2020 20:24
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 4.156,688 лица. Од нив починале282,824, а оздравеле 1,467,326.

– Принцот Чарлс и неговата сопруга Камила се заблагодарија на сите вработени во „Ројал мејл“ поради тоа што помагаат семејствата и пријателите да останат во контакт и за време на мерките за изолација. Во писмото до фирмата која испорачува писма и пратки за над 30 милиони домаќинства и фирми во Велика Британија, принцот чарлс и неговата сопруга Камила, велат дека во овој период, многу луѓе се вратиле на пишувањето писма, како начин да останат во контакт со најблиските.

– Само шест нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во Грција во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на заразени лица се зголеми на 2.716. Во изминатото деноноќие не е регистриран смртен случај, па така бројот на починати од коронавирусот остана ист како и вчера, 151 лице. Приклучени на апарати се хоспитализирани 30 лица, а од Одделите за интензивна нега отпуштени се 87 пациенти. Досега, анализирани се 98.877 примероци, 1.493 повеќе од вчера.

– Фармацевтската компанија Џонсон енд Џонсон планира за една година да произведе милијарда вакцини против новиот коронавирус. – Клиничките тестирања ќе почнат во септември. – Се надевам дека ќе имаме резултати до крајот на годината, изјави претставникот на компанијата Пол Стофелс, кој додаде дека тогаш би требало да почне и производството на вакцината.

– Србија досега има евидентирано 10.114 заразени лица со коронавирус, 215 починати и 3006 излечени граѓани. Од вирусот во изминатите 24 часа починати се две лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 215 граѓани, соопштија на владиниот сајт ковид.рс. Во изминатите 24 часа, тестирани се 6059 лица, од кои позитивни на вирусот се 82 граѓани. Вкупно кај 10.114 лица е потврден случај на коронавирус, а излекувани се 3006 пациенти. Вкупно во Србија досега тестирани се 140.592 граѓани.

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин денеска изјави дека од вирусот досега се починати тројца припадници на српската војска, инфицирани се 52 припадници, а во изолација се наоѓаат 167 лица.

– Германија полека ги олеснува рестриктивните мерки, но истовремено се појавуваат и нови жаришта на епидемијата, при што се откриени невозможни услови во кои живеат и работат странските работници во германските кланици. Според Дојче веле, во големата кланица Вестфлајш во Косфелд првично регистрирани се 73 заразени со новиот коронавирус, а во меѓувреме бројот се зголемиле на 191.

– Во изминатото деноноќие во Албанија регистрирани се нови 12 случаи со Ковид-19 или шест повеќе споредено со вчера. Вкупата бројка на досега заболени се зголеми на 868 лица,од нив 650 се оздравени додека 31 се починати,но кои боледувале и од други хронични болести. Во последните 24 часа тестирани се 17 сомнителни случаи на Ковид-19, при што кај 12 од нив има позитивен резултат.Вкупната бројка на заразени е 868. Во списокот на оздравени се впишани 27 со што бројката на оздравени сега изнесува 650 или околу 75 отсто ов вкупно заболените. Активни на болеста се 187, главно во Тирана, Круја и Скадар, информираше Гентијана Ќирјако од Институтот за јавно здравје.

– Според податоците на Националниот институт за јавно здравје на Словенија, во земјата се направени вкупно 625 нови тестирања за коронавирусот, а позитивни биле три.

Next Post

(ВО ЖИВО) Суперхикс - Култура во време на корона

Shortcut

Најново

Скриншот

Администрацијата на Трамп се закани со воведување дополнителни царини кон 60 земји вклучувајќи ја и ЕУ

June 3, 2026

Почнува јубилејното 25-то издание на ОФФест

June 3, 2026
Фото: Влада

Кошта: Уставните измени единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори на земјава со ЕУ

June 3, 2026
Анаис. Мотив, Кокино

Дневен хороскоп со Анаис за 3 јуни 2026: Структурна стабилност и остварување на целите

June 3, 2026

Утре во Скопје се отвора 25-то јубилејно издание на ОФФест

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk