Предлогот на премиерот Зоран Заев и едногласната одлука на сите лидери за предвремени парламентарни избори, се рефлектира и во соседна Албанија.
Таму опозицијата и другите јавни актери сè повеќе бараат предвремени парламенрарни избори. Лидерот на албанската опозиција, Лулзим Баша, на денешната прес-конференција потенцира дека Северна Македонија немаше ниту една забелешка од ЕУ за исполнување на условите, но го фали премиерот Зоран Заев за храбароста што сепак реши да го врати легитимитетот кај граѓаните. А, за разлика од него, Лулзим рече дека Рама одлучи да ја сочува власта по секоја цена.
“Заклучоците на ЕУ беа дека вината за недобивање на датум е на премиерот Рама и Владата. Друга беше ситуацијата за Северна Македонија, каде речиси сите едногласно заклучија дека нема ниту една забелешка. И покрај тоа премиерот Зоран Заев одлучи да го врати мандатот кај граѓаните”, изјави Баша.
Арбен Зеќири