ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Српски таблоиди измислија пофалба од „БиБиСи“ за справувањето на Србија со корона вирусот

May 11, 2020 16:37
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот сервис за борба против лажните вести fakenews.rs откри лажна вест пласирана во три српски портали, кои тврделе дека британскиот јавен радиодифузен сервис БиБиСи во репортажа ја поставил Србија на второто место на земји што најдобро реагирале на почетокот на пандемијата на новиот корона вирус. Но истрагата на сервисот за борба против дезинформациите утврдила дека не постои таква репортажа, пренесува МЕТА.

Прв веста ја објавил telegraf.rs, а потоа преобјавиле и informer.rs и alo.rs. Во спорниот текст пишува дека Србија се нашла на второто место, по Словенија, со успешно справување – во контекст на тоа дека „Србија одржала лекција на Европа како се бори против корона вирусот“.

Откако новинарот од fakenews.rs со пребарување не пронашол репортажа за каква пишувале српските портали, контактирал со „БиБиСи“ и сервисот на оваа радиодифузна куќа на српски јазик.

Александра Никшиќ, уредничка на „БиБиСи“ во сервисот на српски јазик одговара дека нејзината куќа не објавила таква репортажа.

„Од она што се гледа, во тие текстови е земен еден пасус од една текстуална репортажа како различни земји се борат против вирусот и веројатно една вест за руската помош“, вели Никшиќ во реакцијата.

Новинарката на „БиБиСи“ Рејчел Шрајер, пак, за српскиот сервис за борба против лажните вести рекла дека единствениот текст што е објавен во текот на пандемијата во кој Словенија и Србија се споменуваат во контекст на рангирање е оној во кој Би-би-си го прикажува сликовито периодот кога државите во светот го регистрирале првиот пациент со Ковид-19 и редоследот по кој ги воведувале мерките за сузбивање на вирусот. Освен во приказот на временскиот редослед, на ниедна држава не ѝ е даден епитет за најдобра реакција.

И Гај де Лоуни, дописник на „БиБиСи“ од Балканот потврдил дека не пренел таква информација. Тој бил продуцент на кратка репортажа која ја ставила Србија на второ место на ранг листа, но станува збор за сосема различна вест и сосема друго – и негативно – рангирање. Имено, репортажата била за големото аерозагадување во Србија, проблемите со кои се соочуваат велосипедистите во градовите и „највисоката стапка на смртност во Европа поврзана со аерозагадувањето“.

Next Post

18: Лидерска утре од 13 часот кај Пендаровски, Мицкоски е исплашен од пораз и бега од избори, МВР демантира дека се набавени скапи телефони

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk