Колку години центарот на Скопје и плоштадот „Македонија“ во својот спектар немале зелена боја?
Не сум сретнал но сигурно и сега има коментари нна социјалните мрежи дека е многу трева како за плоштад, или дека клупите не се во соодветна боја, дека плочките не се ок, дека… А бе многу трева друже, не е тоа за нас има да ја испогазиме, во тој правец.
Она што плоштадот е сега, е дека не е повеќе сив, безличен и дека зеленилото донекаде ги впива студенилото и голиот цемент и бронза да доминираат. Она што му недостасува на разубавениот зелен плоштад сега, не е до градските власти, туку до проклетијата – коронавирус, му недостасуваат луѓето на плоштадот. Му недостасуваат деца и родители, му недостасуваат пензионерите, учениците, студентите… за да го очовечат овој просторот. Но и тоа ќе биде за брзо, мора да сме трпеливи.
Оној дух кој му беше одземен на плоштадот со мизерната легална кражба „Скопје 2014“ не е вратен, но ова е одличен обид на Град Скопје и Шилегов да го направат Скопје навистина една поинаква приказна.
Чекор по чекор, вели Шилегов.
Фото и коментар: Ј. Ѓорѓиоски