ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Стопанската комора бара да се укине Законот за трговија на зелените пазари

Најголем проблем е предвиденото постоење на Комората на закупци на тезги којашто не само што го обременува нивното работење со документација, туку дополнително прави проблеми од  финансиски аспект бидејќи повлекува финансиски трошоци на закупците на тезги кои се несоодветни и неприфатливи

October 21, 2019 13:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Стопанската комора на Македонија бара целосно да се укине Законот за трговија на зелените пазари, или пак да се интервенира со измени на останатите закони што ја регулират дејноста. Одложената примена на Законот донесена во февруари годинава истекува за два месеца. Со неговото стапување во сила, според комората, закупците на тезги би биле непотребно финансиски оптоварени со дополнителни два милиони евра на ниво на дејност во ситуација кога веќе се соочуваат со пад  од 10 до 15 проценти на прометот на зелените пазари поради понудата во супермаркетите, пренесе МИА.

– Најголем проблем е предвиденото постоење на Комората на закупци на тезги којашто не само што го обременува нивното работење со документација, туку дополнително прави проблеми од  финансиски аспект бидејќи повлекува финансиски трошоци на закупците на тезги кои се несоодветни и неприфатливи. Обременувањето на закупците на тезги директно ќе се одрази на работењето на организаторите на  пазари, рече денеска на прес-конференција Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија, пренесувајќи го ставот на  организаторите на пазари.

Работењето на зелените пазари во изминатите десет години, велат од комората, е регулирано со многу закони и прописи и станува беспредметно да постои посебен закон за трговија на зелени пазари затоа што тој не регулира ништо повеќе од она што е веќе регулирано, а дополнително наметнува обврски за закупците на тезги што не се познати во регонот и пошироко.

Според комората, последното законско решение е беспредметно вклучително и во делот на планираното воведување лиценци затоа што и регистрацијата што сака да се постигне и сега постои преку Управата за јавни приходи. Организаторите на пазари со постојните законски решенија се должни на месечно ниво  да ја известуваат УЈП кој се има закупено тезга на зелените пазари врз основа на што се оданочуваат закупците. Тоа, укажуваат, треба да се стави во некоја форма, но во рамки на системот на државните институции бидејќи

– Се што е предвидено да функционира во Комора на закупци на тезги сега е регулирано и можеби треба да се преформулира во одреден сегмент и да остане  во државните институции, а не надвор од институциите. Финансиското оптоварување  на закупците на тезги преку она што треба да го прави и ќе биде овластена Комора на закупците е дополнителен трошок и  апсолутно може да биде причина за излегување на дел од закупците на тезги надвор од пазарите, што пак значи намален промет на пазарите, намалени даноци и поттикнување на сивата економија и нелојална конкуренција надвор од зелените пазари. Согласно бројот на тезги, трошоците може да бидат и до два милиони евра на ниво на цела дејност односно тоа се пари што ќе треба да ги платат закупците, рече Михајловска Василевска.

Откако на предлог на група пратеници во февруари годинава Парламентот изгласа одложување на примената на новиот Закон, како што велат од комората, воопшто не биле повикани на состанок или на каква било консултација. Во овој требаше да бидат направени одредени усогласувања додека трае одложената примена на  Законот, но, потенцираше Михајловска Василевска, тоа не се случи. Заклучно со мај требаше да се донесат потребните подзаконски акти, но тоа не се случи, вршењето на јавните овластувања што требаше да се применува од јануари 2020 година не се доделени,  не е воспоставен регистарот каде треба да биде завршена целосната регистрација три месеци од почетокот на  законот. Трговците веќе треба да имаат легитимација и да се определат условите како ќе може да се врши трговија на тезгите, наведе Михајловска Василевска.

Таа најави дека утре ќе имаат состанок со сите организатори на пазари и ќе со заедничкиот став се обратат до надлежните институции.

Според комората, сегашните законски решенија не го регулираат само предвиденото плаќање на придонесите за плата, но, како што велат, тоа може да се регулира со други закони, односно и без новиот Закон. За закупците, физички лица кои функционираат согласно со Законот за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност со Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија фискализацијата е одложена до влез на земјава во Европската унија

Next Post

Центарот за социјална заштита во Карпош повторно во функција

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk