Откако минатата недела ЦИВИЛ Медиа пишуваше за проблемот со неиздавање социјални броеви за туѓа нега, денеска од Центарот за социјални работи – Карпош, потврдија дека системот повторно работи.
Вкупно три недели овој меѓуопштински центар не издаваше потврди затоа што немале интернет.
Од Центарот посочија дека проблемот не е во нив, туку до операторот кој ги опслужува. По три недели од денеска граѓаните на општина Карпош повторно можат да добиваат социјални броеви и друг вид на услуги од доменот на социјалната заштита.