ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: По завршување на вонредната состојба, продолжуваат да течат роковите за избори

Ако за време на вонредната состојба се стопираат роковите, треба да се има предвид уставната норма, според која изборите мора да се одржат во рок од 60 дена од распуштање на Собранието.

May 12, 2020 18:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во моментот кога ќе престане вонредната состојба, треба да продолжат да течат роковите за изборните дејствија, смета премиерот Оливер Спасовски.

Тој на денешната прес-конференција во Владата потсети дека на лидерската средба се разговарало и биле понудени конкретни датуми во однос на одржувањето на изборите, меѓутоа одлучено е на политичко ниво разговорите да продолжат наредната недела, притоа да се обезбедат одредени информации.

-Што се однесува до уредбата или правниот механизам за изборите, таа е сосема јасна. Ние немавме друга правна можност за одложување на изборите, освен преку таа уредба да се стават во мирување сите изборни рокови. Тоа значи во моментот кога престанува вонредната состојба продолжуваат да течат роковите за изборните дејствија, рече премиерот во одговор на прашање.

Спасовски потсети дека Државната изборна комисија е должна врз основа на пропишаните рокови во законот да ги спроведе изборите, и за тоа постојат рокови точно дефинирани како и на кој начин тоа се прави.

-Државната изборна комисија е институција која спроведува изборни дејствија врз основа на одлуките кои ги носат инситуцииите на системот. Тоа е Собранието и оние кои се надлежни за одржување на изборите. ДИК е должна врз основа на пропишаните рокови во законот да ги спроведе изборите, и за тоа постојат рокови точно дефинирани како и на кој начин тоа се прави, рече Спасовски.

Додаде дека е јасно врз основа на уредбата донесена од Владата, дека ако за време на вонредната состојба се стопираат роковите, треба да се има предвид уставната норма, а тоа е дека изборите мора да се одржат во рок од 60 дена од распуштање на Собранието.

-Сосема е јасно врз основа на уредбата донесена од Влада, дека ако за време на вонредната состојба се стопираат роковите, треба да се има во предвид уставната норма дека изборите мора да се одржат во рок од 60 дена од распуштање на Собранието, така да роковите кои поминале до вонредна состојба и имаме вонредна состојба каде што се стопирани сите рокови, со престанување на вонредната состојба продолжуваат да течат понатаму и се одржуваат избори, сѐ со цел да нема можност за кршење на Уставот, рече Спасовски./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Вархеи: ЕУ и Западен Балкан со зајакнати односи во време на пандемијата

НАЈНОВО

Фото: СФМ

Јашари ја освои петтата титула во снукер

October 6, 2025
Скриншот

Новиот француски премиер Лекорну поднесе оставка пред да го претстави својот кабинет

October 6, 2025

Герасимовски: Поставуваме три Free Wi-Fi зони во Дебар Маало, Сквер Јадран и Капиштец

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk