ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дерковски: По прецизирање на датумот, потребни се 45-50 дена за изведување на изборите

Избори мора да има. Ако не сега, ќе мора да има до крајот на мандатот на претходниот пратенички состав. Значи оваа година секако ќе мора да има. Сега настапи ситуација која што до сега не била и ние како ДИК се прилагодуваме на препораките на Здравствените комисии, вели Дерковски и додадава дека сите земји кои имале закажано избори се прилагодуваат на можните спроведувања на изборите.

May 14, 2020 09:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во ДИК сите сме сложни дека треба да се почитува Изборниот законик. Од тие причини внимавам да ги следам законските прописи и да не излезам од таа рамка и само на тој начин сите ќе се доведеме до еден успешен изборен процес, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски.

– Избори мора да има. Ако не сега, ќе мора да има до крајот на мандатот на претходниот пратенички состав. Значи оваа година секако ќе мора да има. Сега настапи ситуација која што до сега не била и ние како ДИК се прилагодуваме на препораките на Здравствените комисии, вели Дерковски и додадава дека сите земји кои имале закажано избори се прилагодуваат на можните спроведувања на изборите.

-Некои експериментираа со гласање по пошта, со електронско гласање, но во мнозинството држави изборите се одложуваат.

Околу можноста за дигитално гласање (во блиска иднина) и тие да бидат фер без нарушување на битните стандарди, Деркоски вели дека во светот се имаат направено обиди за вакви гласања.

-Успешен пример е Естонија, но во еден поголем број на држави се враќа стариот начин на гласања бидејќи не може да се обезбеди адекватна заштита и гаранција за волјата на гласачите. Ние како Комисија го начнавме ова прашање, прво како употребатра на fingerprint, а потоа за електорноското гласање. Но, во разговорите со стручњаците заклучивме дека се уште не може да се обезбеди заштита на правото на глас.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ГЛАСАЧКИТЕ МЕСТА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА КОНЦЕНТРАЦИЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ – ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ИЗБОРНИОТ ДЕН

-Може, но за тоа треба законска одредба. Сегашната бројка на гласачките места е од 300 до 1.200 гласачи. Надлежноста сега е во Владата. околу продлжување на часовите повторно ќе кажам дека е потрбна законска измена.

Јас ги слушам политичарите, но мислам дека тие не се запознаени со техниката на обработка на избирачкиот список. Од тие причини велам дека избирачкиот список, кога и да се изборите, ќе го добиеме во иста форма како што го добиваме секогаш откако ќе го дознаеме денот на изборите. Добиваме суров материјал, наредниот ден се декриптира. Затоа велат дека за оваа операција се потребни помеѓу 45 и 50 дена. Јас ги разбирам политичарите и нивните мотиви, но јас морам да го почитувам законот. Јас како претседател на ДИК можам да бидам надгласан од другите членови на Комисијата, но избирачкиот список се потпишува од сите членови на Комисијата и откако сите ќе се потпишат истиот се заклучува и со тој се оди на избори. Јас таков список нема да потпишам, изјави Дерковски.

ПРОМЕНА НА ИЗБОРНИТЕ ЛИСТИ НА ПАРТИИТЕ

-Добивме барање од еден кандидат на листа каде тој во изјавата нагласува дека тој се кандидирал за избори на 12 април. Законот не дозволува и ќе треба да почекаме како ќе се одвива целата ситуација. Моментално нема исправање и изземање од кандидатските листи. Тоа е законски пропишано. Доколку се распишат нови избори тогаш веќе е друга ситуацијата, вели Дерковски.

ГЛАСАЊЕТО НА ЛУЃЕТО КОИ БИ СЕ ВРАТИЛЕ ЗА ДЕНОТ НА ИЗБОРИТЕ

-Голем дел од граѓаните кои се во странство а ги има на избирачки список и имаат право да гласаат, може ќе сакаат да се вратат летово во земјава и да гласаат тука. Имаат право да гласаат, меѓутоа ако важат овие мерки веројатно ќе треба да бидат во карантин, па ќе треба да организираме гласачки места и во карантин, а тоа бара посебни услови, и не трпи импровизација, изјави претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски.

Извор:  Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“

Next Post

Ангеловска: Новите мерки се дизајнирани да го поддржат македонското производство

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk