ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Градинките во Прилеп се подготвуваат за отворање, закажани се тестирањата

May 14, 2020 15:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Шесте прилепски градинки интензивно се подготвуваат за приспособување на условите за почеток со работа. Според распоредот, тестирањето на вработените е закажано за 28 и 29 мај во пунктовите во Центарот за јавно здравје во Прилеп.

Според Орце Тодороски, директор на градинките „Наша иднина“, дворовите, просториите, играчките и дидактичкиот материјал се чистат и се дезинфицирааат. Набавени се сите заштитни средства, а  вработените доаѓаат на тричасовно дежурство според распоред.

-Овој период го користиме за подготвување на градинките за прием на дечиња во новонастанатите услови. Вработените се повикуваат три часа дневно на работа и тоа е ротациско дежурство во сите шест градинки, во кои вкупно се вработени 140 и 40 со договор на дело.  Четирите градинки во населените места со други просторни услови не работат бидејќи  нема заинтересираност во руралните средини. Во меѓувреме ги подготвуваме сите шест градинки. Техничкиот персонал ги средува, ги чисти просториите, играчките, дидактиката, се врши дезинфекција. Набавени се најсовремени средства за заштита, за дезинфекција.  Ќе се набават ултравиолетови ламби за прочистување на просториите. Порачани се шест термометри на далечинско за да му се мери температура на секое дете кое доаѓа. Децата ќе доаѓаат едно по едно, во колона и на растојание, објаснува Тодороски, кој нагласи дека секој момент се чекаат протоколите.

Кај граѓаните мислењата се поделени. Едни сметаат дека треба да се почека, други дека со внимателност, тестирање и дезинфекција да се отворат градинките, особено што дел родители немаат кој да им ги чува децата додека се на работа.

Директорот на градинките „Наша иднина“ уверува дека нема место за страв според сите мерки. Ќе се мери температура постојано, никој нема да влегува, а 90 насто од времето децата ќе го поминуваат надвор. Направен е скрининг кај родителите и засега околу една третина ќе ги носат децата. Признава дека групите беа и со по 38 деца.

-Страв не треба да има, бидејќи препораките од Комисијата за заразни болести и од Министерството за здравство ги спроведуваме во целост. Ќе се влегува само од една врата. Ние ќе ги примаме децата и ние ќе ги враќаме кај родителите. Деновиве направивме скрининг помеѓу родителите. Од 1 500 деца, сакаат да доаѓаат 606. Поделени се на неколку групи: самохрани родители, деца со еден и со двајца вработени. Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство треба да го изготват протоколот кој се очекува да биде доставен. Инаку, престојот во градинката 90 насто од времето ќе биде надвор, во дворот, а во просториите ќе се влегува за спиење и јадење. Ќе спијат на растојание од еден и пол метар. Затоа се прскаат дворовите со заштини средства против крлежи и разни бубачки и инсекти. Всушност, да го почекаме протоколот, па ќе ги има сите детали, вели Тодороски.

Драгица Николоска, директор на прилепскиот Центар за јавно здравје, рече дека ќе се тестираат околу 250 вработени во градинките во Прилеп, Кривогаштани, Крушево и Македонски Брод, на 28 и на 29 мај.

– Ќе се направи закажување на вработените преку „Мој термин“, а тестирањето ќе се врши во веќе постојните пунктови во Центарот за јавно здсравје. Институтот за јавно здравје од Скопје заедно со Центарот изготви табеларен распоред. Тестирањето ќе биде на 28 и на 29 мај за сите вработени во градинките во Прилеп, Кривогаштани, Крушево и Македонски Брод. Притоа, треба да се почитуваат протоколите за начинот на земањето на биолошкиот материјал и носењето на личната заштитна опрема. Вкупната бројка на вработени во четирите општини е околу 250, а дневно ќе се земаат по 180 брисеви, објаснува Николоска./МИА/

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Богоев: Големиот парк во Карпош е во напредна фаза

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп разгледува нови санкции против Русија

September 7, 2025
Папа Лав XIV Фото: Скриншот

Папата прогласи прв светец од Милениум генерацијата, 15-годишник компјутерски специјалист

September 7, 2025

Две тепачки пред угостителски објект во Скопје, приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол

September 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сензација на Евробаскет: Финска ја елиминира Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски и Дарио Панковски: На 13 Септември голем концерт во Паркот на франкофонијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk