ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

САД обезбедија 16 милиони долари за антикорупција, иницијативи за млади и економска конкурентност во земјава

May 14, 2020 17:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за финансии Нина Ангеловска и претставникот на Канцеларијата на УСАИД во земјава Ерик Јановски потпишаа договор со кој Владата на САД обезбеди 16 милиони американски долари за Северна Македонија, наменети за намалување на корупцијата, подобро интегрирање на младите во општеството и зголемување на економската конкурентност.

Како што соопшти Амбасадата на САД во Скопје, со договорот се предвидува поддршка на активности на централната и локалните власти за искористување и успешно управување со финансиските ресурси и спроведување на механизми за отчетност, на работата на Државната изборна комисија да спроведе слободни и фер избори и да го следи финансирањето и трошењето на политичките партии за време на изборите, на граѓанските организации за да се вклучат конструктивно во јавните политики и практики за поголема отчетност и владеење на правото и на Министерството за образование и наука за да промовира меѓуетничка кохезија и граѓанска култура кај децата и младите.

Предвидени се и средства за законската рамка за производство на обновлива енергија, како помош за зголемување на инвестициите во домашно производство на електрична енергија, намалување на зависноста од увоз на енергија и овозможување одржлив енергетски систем.

– Нашата заедничка цел е просперитетна, инклузивна и самоодржлива Северна Македонија. Со борба против корупцијата, создавање можности за младите и поддршка на економскиот развој, ние се обидуваме да и помогнеме на Северна Македонија да го постигне својот потенцијал како просперитетна европска земја целосно интегрирана во трансатлантските институции, изјави американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Бирнз.

Министерката Ангеловска нагласи дека земјава го цени проширувањето на партнерството со САД и залагањето за постигнување на заедничките цели.

– Овој договор е доказ за нашето партнерство, сега и од позицијата на НАТО сојузници. Оваа соработка за нас е од големо значење, особено во новото глобално окружување креирано од Ковид-19 на кое треба да одговориме и да продолжиме со прогресот и нашиот пат кон Европската Унија, додаде Ангеловска.

Од 1993 година, па до сега, САД имаат инвестирано повеќе од 1,2 милијарди американски долари во земјава, вклучително и над 830 милиони американски долари преку УСАИД.

– УСАИД е водечка меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до развојни постигнувања. Работата на УСАИД ја унапредува националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја отсликува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој, се наведува во соопштението на Американската амбасада.

Next Post

Уставниот суд го укина посебниот режим за движење за пензионерите и малолетниците

НАЈНОВО

Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот

Кос: За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите и општествата на земјите кандидатки за членство

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk