ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Пукнете празноглавци!

Ова, колку да знаат дека не сме растени под стаклено ѕвоно. Знаеме и ние што е говор без пардон, но не и говор на омраза, што е единственото што, пак, тие го користат. Знаеме добро што е улица, асфалт и урбана џунгла, далеку подобро од нив.

October 21, 2019 23:46
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

без пардон: ЏАБИР ДЕРАЛА

Напишав утринава еден пост на Фејсбук за кој моите другар(к)и од ФРОНТЛАЈН ми рекоа дека треба да го објавам и овде. Па, кога веќе го објавувам и на оваа страница, да додадам уште збор-два во ова писание, иако има и многу повеќе да се пишува за оваа социјална болештина од човек.

Па така, ми кажаа дека онаа креатура од која може на човека само да му се згади (и фамилијата нејќе да го види) ме прозива по социјалните мрежи. А не кажува дека сѐ што троши се црни, кеш пари, бидејќи на сметка нема ни еден денар. „Дај шта даш“ му беше животната девиза додека му слугуваше на разбојникот, азилантот во Будимпешта, па и кози и кучиња чуваше, со спонзорство од буџетот (наши пари), ама во ниеден миг не му тргна од рака да стане интелектуалец.

Сум го видел како цимоли и се жали дека нема пари, дека останал без фамилија, дека му треба работа и корка леб, а сега богато живее од украдените пари. Но, сеедно смрди и сам е. Толку е глупав и самоуверен што не знае колку е сам и грд. Доволно е човек да го погледне и ќе види дека нешто не е в ред со него.

За влакно се спаси од долгогодишна робија затоа што лажеше и мамеше луѓе со класични уличарски финти. Им продаваше визи на луѓе што последните пари ги даваа или се зајмеа за да му ги дадат нему, за да заминат од земјава. Ги остави без пари, а тој ѝ се измолкна од правдата.

Нема една трошка морал во него!

Изгуби судски спор со мене, а јас му платив судски трошоци и адвокат, затоа што немал пари, кутриот. И пак се закача, иако, да е нормален, би се скрил во глувчешка дупка. Објави скен од мојата лична карта на интернет медиумите и социјалните мрежи, искажа невидени лични навреди, лаги и клевети, изкажа невидена омраза и повикува(ше) на моја ликвидација, му се закануваше и на моето семејство… И што уште не.

Да не зборуваме за тоа дека, наводно, не е во состојба да ја плати судски одредената отштета, чиј износ е симболичен во споредба со тоа колку можеше и требаше нормална судиј(к)а да му одреди.

А за пишување, знае дека пишувам, иако ме прозива, демек да сум пишувал. Копук. Знам дека се нервира. И тој и неговите стопани се нервираат (потврдено!) од тоа што го читаат. Секој збор што излегува од под моите прсти го читаат. Читаат и сѐ што ќе напишат оние со кои имам чест да работам. И многу се нервозни.

Уште повеќе се нервираат што нас нѐ читаат повеќе луѓе отколку што тие можат да сонуваат.

Затоа, иако не заслужуваат ни малку внимание, ќе си дозволам да погледнам надолу и да им довикнам:

Пукнете, празноглавци! Овој грозен лик е вашата лика и прилика!

ПС. Ова, колку да знаат дека не сме растени под стаклено ѕвоно. Знаеме и ние што е говор без пардон, но не и говор на омраза што, заедно со лагите, е единственото што го имаат во своите празни глави. Знаеме добро што е улица, асфалт и урбана џунгла, далеку подобро од нив. И пак знаеме да задржиме пристојност и достоинство, а тие немаат што да задржат, бидејќи тоа никогаш не го стекнале. Освен да крадат, ништо не знаат да прават. Освен смрдеа, ништо немаат во душите.

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.
Next Post

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го сменија името на својата коалиција, СДСМ коментира дека се прочитана книга

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk