ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јелстад: Граѓаните мора да имаат чувство дека властите се грижат за нив

Среќен сум што гледам дека постои декларирана политичка волја во овие земји за усогласување со овие вредности и принципи. Лично би сакал да видам забрзување на тој процес и поголема фокусираност на него во однос на тоа што го гледавме порано, додава норвешкиот амбасадор.

May 17, 2020 12:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Клучот на секој општествен развој лежи во решителноста и капацитетот да се создаде доверба меѓу граѓаните и државните институции, а за да се одржат општествена стабилност и кохезија граѓаните мора да имаат чувство дека властите се грижат и се заземаат за нив, вели во интервју за „Јуропеан Вестерн Балкан“, Јорн Јелстад, амбасадор на Норвешка во Северна Македонија со седиште во Белград.

– Во таа смисла независните институции, инклузивните парламентарни процедури, слободата на медиумите, борбата против корупцијата, еднаквоста, иновациите и заштитата на животната средина се основа за изградба на таа доверба, наведува Јелстад, кој покрај во земјава е амбасадор на Норвешка и во Србија и во Црна Гора.

Тој смета дека Северна Македонија, Србија и Црна Гора мораат да работат на целосно прилагодување кон принципите и стандардите на ЕУ, за што имаат целосна поддршка од страна на Норвешка.

– Среќен сум што гледам дека постои декларирана политичка волја во овие земји за усогласување со овие вредности и принципи. Лично би сакал да видам забрзување на тој процес и поголема фокусираност на него во однос на тоа што го гледавме порано, додава норвешкиот амбасадор.

Јелстад посочува дека приоритет на Амбасадата на Норвешка е соработка со цивилното општество во трите земји, потенцирајќи дека граѓанскиот сектор е важен за секоја држава.

– Норвешка има долга традиција на давање приоритет на граѓанскиот сектор, со цел да го направи силен и влијателен. Секоја норвешка Влада, без оглед на партискиот состав, го третира граѓанскиот сектор како стратешки партнер во зајакнувањето на демократските вредности и просперитетот. Без активно учество на граѓанскиот сектор и организации, ќе биде тешко да се постигне неопходниот консензус и доверба за рационално и инклузивно управување. Граѓанското општество треба да се охрабри да застапува ставови што ја информираат и обликуваат јавната расправа. Затоа, треба да се развие меѓусебно почитување и професионално вмрежување помеѓу граѓанскиот сектор и властите, со јасна дефиниција на улогите и транспарентните односи. Во однос на ефективното вклучување во процесот на демократизација и европската интеграција во овие три земји, моето досегашно искуство е дека граѓанскиот сектор дава најзначаен придонес, вели Јелстад.

Токму затоа, според него, Норвешка преку Балканскиот демократски фонд (БТД) активно поддржува широк спектар на проекти спроведени од граѓанските организации во сите три земји.

– Овие проекти се посебно дизајнирани да ја прошират демократизацијата, да ја зголемат транспарентноста и да го подобрат квалитетот на животот во локалните заедници, нагласува Јеслтад во интервјуто.

Next Post

Прес-конференција на претседателот на Владата на РСМ, Спасовски за третиот пакет економски мерки

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk