ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кузеска: Изборите да се одржат во првиот можен рок, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да избегаат од изборен пораз

Сите параметри и официјални податоци од надлежните институции покажуваат дека епидемијата е ставена под контрола и дека создадени се услови за одржување на предвремените парламентарни избори согласно протоколите за заштита, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес конференција.

May 17, 2020 12:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Сите параметри и официјални податоци од надлежните институции покажуваат дека епидемијата е ставена под контрола и дека создадени се услови за одржување на предвремените парламентарни избори согласно протоколите за заштита, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес конференција.

Тоа не сакаат да го прифатат Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, зошто знаат дека нивната неодговорност и деструктивност им гарантира изборен пораз.

Дека има услови за одржување на изборите, говори и позитивниот одговор на ОБСЕ/ОДИХР дека се подготвени да продолжат со набљудувачката мисија на парламентарните избори во Република Северна Македонија.

СДСМ како одговорна партија во овој важен период има три приоритети -заштита на здравјето на граѓаните, брза трансформација на економијата и функционални институции, како гарант на демократијата.

Токму затоа сметаме дека предвремените парламентарни избори треба да се одржат во првиот можен термин, а предизборната кампања и гласањето да бидат усогласени со заштитните протоколи.

ДИК по крајот на вонредната состојба, треба да ги заврши обврските и во рок од 22 дена да се одржат изборите.

СДСМ нема да дозволи неодговорен политичар како Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да ги попречат демократските процеси и вештачки да создадат криза. Тие едноставно не сакаат државата да оди напред.

Избори мора да има поради здравјето на граѓаните, поради трансформација на нова економија, поради институциите кои треба да им служат на граѓаните во оваа држава.

Next Post

(ВИДЕО) Петров: Одобрена е поддршка за исплата на плати за над 103.000 вработени

НАЈНОВО

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Продолжуваат манипулациите на ВЛЕН за наводна моја средба со Груевски

September 2, 2025
Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

September 2, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk