Владата на Република Северна Македонија на денешната 54-та седница го разгледа и усвои третиот пакет економски мерки за заживување на македонската економија преку директна поддршка на граѓаните и на стопанството во услови на Ковид-19.
Ова се мерки за нова, развојна македонска економија, преку кои ќе се зголеми потрошувачката и ќе се стимулира заштита, промоција и раст на домашната економска, а со што ќе се зголеми и нашата конкурентност во регионот и пошироко.
Третиот пакет содржи краткорочни и среднорочни мерки за ревитализација на економијата, и заедно со ефектите од мерките од првите два пакета, се создаваат услови за динамичен раст и нова развојна македонска економија.
Предлог мерките се систематизирани во 3 главни столбови:
1. Платежни картички за граѓаните – за поголема потрошувачка и за развој на домашните економски дејности;
2. Директна поддршка на македонското стопанство – иновативност и развој за зачувување на постојните и за нови работни места
3. Поддршка за земјоделците – нови приходи од плодната македонска земја.
Меѓу останатите одлуки кои беа донесени на седницата на Владата, во однос на нелегалното приредување на игри на среќа од страна на странски приредувачи, Владата го задолжи Министерството за финансии да достави предлог решенија за спречување на одлевањето на паричните средства со противзаконито учество на македонските граѓани во странските интернет игри на среќа, како да се спречи пристапот до наведените интернет страни на кои се организираат игри на среќа од страна на правни субјекти кои немаат соодветна лиценца согласно Законот, и како да се следат паричните приливи до граѓаните стекнати по овој основ.
А. Н. С.