ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Гутереш: Многу земји ги игнорираа советите на СЗО, сега плаќаме висока цена

Видовме изрази на солидарност, но многу малку единство во нашиот одговор на Ковид-19. Земјите следеа различни стратегии, понекогаш и контрадикторни, а сите плаќаме висока цена, рече Гутереш на видео конференцијата на отворањето на годишниот состанок на Светската здравствена организација (СЗО).

May 18, 2020 18:43
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги критикуваше земјите кои ги игнорирале препораките на СЗО во екот на пандемијата на корона вирус.

Тој оцени дека светот платил висока цена поради различните стратегии.

„Видовме изрази на солидарност, но многу малку единство во нашиот одговор на Ковид-19. Земјите следеа различни стратегии, понекогаш и контрадикторни, а сите плаќаме висока цена“, рече Гутереш на видео конференцијата на отворањето на годишниот состанок на Светската здравствена организација (СЗО).

Генералниот секретар на ОН исто така укажа дека голем број на земји ги игнорирале препораките на СЗО.

„Како последица на тоа, вирусот се рашири низ целиот свет и сега се движи кон земјите на југ каде што може да има уште пофатални последици“, предупреди Гутереш, повикувајќи на голем меѓународен напор за светот да се соочи со оваа трагедија.

„Се надевам дека истражувањата за вакцина се еден вид почетна точка“, рече тој.

Светското здравствено собрание, за прв пат во историјата се одржува виртуелно и поради пандемијата ќе трае само два дена.

И покрај тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг, земјите се надеваат дека со консензус ќе ја усвојат резолуцијата, поднесена од страна на Европската унија.

Резолуцијата повикува на почеток на процесот на проценка што е можно поскоро, со цел да се испита меѓународниот здравствен одговор и мерките на СЗО во борбата против пандемијата.

Next Post

Мицкоски излажа, Словачка има парламент, влада и одржани избори

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk