ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

09: Заев и Спасовски – Избори според роковите по истекот на вонредната состојба, влез во Србија без коронатест, пред 18 години Кометал стана европски шампион

Утрински преглед на настаните.

May 19, 2020 09:04
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

МИНИСТЕРКАТА за финансии Нина Ангеловска: Стимулирање на приватната потрошувачка кон домашни производи и домашни услуги, предвидува мерката „викенд без ДДВ“ која преку добро контролиран систем може да се спроведе како дополнителен приход на стопанството но и помош за граѓаните.

СПАСОВСКИ: Терминот за одржување на изборите е детерминиран уште од носењето на Уредбата со законска сила за запирање на сите изборни дејствија, тоа значи дека по завршувањето на вонредната состојба, продолжуваат изборните рокови.

ЗАЕВ: Во услови кога и по втората лидерска средба не дојдовме до решение, останува да одиме на избори според роковите што се заокружени, односно по завршувањето на вонредната состојба на 30 мај изборите да се одржат во определениот рок од 22 дена – на 21 јуни.

ТИТО Петковски: Логиката налага, веднаш по завршувањето на вонредната состојба, продолжуваат изборните активности кај што застанаа. Мицкоски постави три услови пред средбата, Комисијата да даде проценка за безбедноста, ОБСЕ да присуствува и ДИК да се прозинесе како ќе ги спроведе изборите. Во Македонија мора конечно да се спроведува закон, а не политички договор на неформална група и точка.

На ИНИЦИЈАТИВА на шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Дендиас денеска ќе се одржи министерска видео конференција, која претставува континуитет на собирот на високо ниво што се одржа во Солун во февруари годинава со учество на високи претставници на ЕУ.

ВКУПНИОТ број на активни случаи на заразени со Ковид-19 во земјава изнесува 412, откако вчера беа регистрирани 25 нови случаи. Со тоа вкупната бројка на дијагностицирани случаи од почетокот на пандемијата изнесува 1.817 лица, бројката на оздравени пациенти е 1.301, а починати се 104 лица.

ВРАБОТЕНИТЕ при Итната медицинска помош – Скопје пријатно ги изненадија своите колеги, докторите Маја и Димитар, кои беа спречени да го кажат судбоносното „да“ поради корона вирусот. Маја и Димитар Ангеловски имале закажано свадба за 17 мај, меѓутоа поради епидемијата биле принудени да ја одложат.

МЕДИЦИНСКИ факултет – Скопје и годинава го одбележува 19 мај – Светскиот ден на семејните и општи лекари.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во Скопје, во 2002 година, ракометарките на Кометал Ѓорче Петров го победија првакот на Унгарија ХЕРЗ Ференцварош со 26:22 и станаа европски клупски шампионки.

ГОРИ градската депонија „Мелци” во Кавадарци, а противпожарна екипа веќе четири четири часа е на терен и го гасне пожарот.

СРПСКАТА премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека ќе настојува да го либерализира влезот во Србија што е можно повеќе, потенцирајќи дека, покрај заштитата на човековото здравје, целта е да се постигне што е можно поскоро целосно економско закрепнување и раст.

ЦЕНАТА на американската нафта синоќа достигна 32,05 долари за барел за достава во јуни, што е првпат во изминатите два месеца.

ВРЕМЕТО денеска ќе биде умерено облачно и топло, ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на град.

 

А. Н. С.

Next Post

Четиридневен полициски час во Турција за престојниот рамазански викенд

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk