„Мицкоски во врска со изборите побара мислење од Комисијата за заразни болести, потоа мислење од ДИК и на крајот мислење од ОБСЕ и изјави дека врз основа на овие мислења ќе зависи одлуката што ќе ја донесат. Сите три институции му одговорија за еден ден и сите во насока дека избори се можни и може да се организираат и со тоа сите барања на Мицкоски се удоволени, но пак ВМРО ДПМНЕ не е за избори. Да потсетам кај нас изборите се започнати, имаме предадено кандидатски листи.“- изјави Радмила Шекеринска, министерка за одбрана, на Телевизија 24.
Таа укажа дека изборите се неопходни затоа што ова е период кога пандемијата стивнува, а од есен, кога се највува нов бран на корона вирусот, државата да биде спремна со нова влада да се справи со новиот пик на пандемијата.
„Дали граѓаните сакаат новиот бран од вирусот да го дочекаат со овој тим кој покажа дека знае да ја менаџира здравствената криза, или сакаат со некој друг. За да можеме од есен да се справуваме со вирусот нам ни се потребни избори кон крајот на јуни. Овој здравствен систем направи чудо и тоа мора да го призне ВМРО ДПМНЕ. Нам не ни се случи Италија или Шпанија, иако имаме скромно здравство.“- посочои Шекеринска во аргументацијата зошто изборите се важни.
„Јасно е дека ВМРО ДПМНЕ бегаат од избори иако тие сакаа лидерски средби, а сега на тие лидерски средби не сакаат да се договорат. Позицијата на СДСМ беше дека ние посакуваме консензус околу датумот за избори, затоа што не сме исти како ВМРО ДПМНЕ. Во 2008 година не само што немаше лидерски, туку не не викнаа на средба, во 2011 година на изборите немаше лидерски, немаше ништо, после во 2014-та пак ништо. Ние сакаме консензус, затоа што сме поинакви.“- изјави Радмила Шекеринска, министерка за одбрана на Телевизија 24.