„ВМРО ДПМНЕ се води исклучиво од партиски интереси во целата оваа ситуација. ВМРО ДПМНЕ секој ден излегува и вели мора пари за фирмите, мора пари за здравството, системот да функционира во услови на епидемија и други работи, и кога сето ова ќе го направиме затоа што работиме посветено, и кога ќе дојдеме до пари, министрите на ВМРО ДПМНЕ не потпишуваат документите.“- изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на Tелевизија 24, алудирајќи на постапката на заменичката министерка за финансии која не го потпишува поволниот заем од Светска Банка наменет за здравството и социјалата.
Во продолжение Шекеринска направи споредба како ВМРО ДПМНЕ настапува со обвинувања во јавноста за работи кои ги прават они самите.
„Не знам како не им е непријатно да зборуваат за изборен поткуп од страна на некој друг, па гледавме, чувме, која бомба да ја преслушавме јасно беше кој правел изборен поткуп. Мицкоски вели економијата е на колена, па како да ја исправиме кога не потпишувате? Или сакате Светска Банка да ги уплати парите на ВМРО ДПМНЕ, па вие да ги распределите? Стварно не се јасни. Или од една страна велат ние злоупотребуваме пари, а при тоа не сакаат да не спречат во тоа со избори, туку ни викаат останете уште малку власт.“- дополни Шекеринска.