Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, како дел од третиот пакет мерки ја посочи поддршката за лица до 29 години преку ваучери за кофинансирање трошоци за тренинзи и обуки. За ваучерите предвидени се 3 од вкупно 12 милиони евра за сите мерки за млади во пакетот, пишува Николовски.
Поддршка за 7.000 – 10.000 млади лица до 29 години во стекнување знаења и ИТ вештини.
Третиот пакет економски мерки вклучува ваучери за покривање трошоци за тренинзи и обуки. Ова е директна помош за полесно вработување на младите во новата развојна економија.
За овие ваучери се предвидени вкупно 3 милиони евра, а вредноста на сите мерки за млади во пакетот е околу 12 милиони евра, напиша Николовски во пост на Фејсбук.