ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Павлески: Општините имаат на располагање еден милион евра за изработка на техничка документација за проекти

Најави дека веќе се разгледува и во наредниот период да се отворат и други можности за поддршка на општините.

October 22, 2019 17:04
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општините во земјава имаат на располагање еден милион евра за изработка на техничка документација за проекти, ова денеска во Штип на градоначалниците од неколку регион во земјава им го соопшти заменик-министерот за локална самоуправа, Дејан Павлевски, а пренесе МИА.

Средствата се обезбедени преку проектот на УНДП со поддршка од шведската Влада. Павлевски забележа дека токму недостатокот на техничка документација е главниот проблем, посебно на малите општини за да може тие да конкурираат за квалитетни проекти. Дел од општините оние со послаб капацитет и финансиски и она што значи човечка сила имаат изработено навистина многу малку проекти и мислам дела ова ќе биде добра поддршка и стимулација да влезат и тие општини во една фаза на подготовка на проекти, вели Павлески.

Најави дека веќе се разгледува и во наредниот период да се отворат и други можности за поддршка на општините.

-Секако ова е една од можностите што се отвараат со помош на УНДП, а ние во контакт со останатите донатори ќе отвориме и други вакви можности во наредниот период, но сакам да посочам дека и самото Министерство преку Програмата за рамномерен регионален развој поддржува вакви проекти и средствата се зголемуваат од година во година. Пред две години тие средства беа околу пет милиони евра, минатата година седум со надеж дека за наредната година ќе бидат над осум милиони евра. Значи со сите можни средства се обидуваме да обезбедиме развој, но рамномерен за сите општини, вели Павлески.

Сања Бојаниќ, заменик на постојаниот претставник на УНДП во Република Северна Македонија вели дека ова е трета работилница со претставници на локалните власти. Смета дека општините имаат голема улога да ги обезбедат потребите на граѓаните и да ги преточат во квалитетни проекти, а оваа работилница и вакви фондови ќе им помогнат тоа да го направат, зошто без квалитетни проекти нема да може да обезбедат финансирање, а без тоа нема и реaлизација.

-И затоа ние сакаме ова да биде една можност да се дојде до квалитетна техничка документација  и низ целиот овој процес таа да се добие. Општините да се подготват за тие фондови што ќе бидат достапни понатаму, за да може да собираат податоци, да работат со експерти на квалитетни проекти и да ги раберат потребите на граѓаните, вели Бојаниќ.

Градоначалниците на помалите рурални општини што денеска беа присутни на работилницата истакнаа дека имаат идеи, а овие средства се во нивен прилог и на граѓаните за да се решат големи инфраструктурни проблеми.

Next Post

Mажите поактивни на интернет, отколку жените

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk