ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев за МКД.мк: Предлозите за август или септември се воопшто да нема избори, за тогаш СЗО најавува нов бран на вирусот

Секое одолжување на изборите е на штета на здравјето на граѓаните, на штета на економијата и на демократијата, вели Заев во интервјуто.

May 25, 2020 14:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Секое одолжување на изборите е на штета на здравјето на граѓаните, на штета на економијата и на демократијата. Лесно е да се направи разлика меѓу оние што само се повикуваат на здравјето и оние што преземаат конкретни чекори да го заштитат, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за МКД.мк. На европскиот пат очекува поддршка од Бугарија и додава дека знае оти времето на кочење и блокади е зад нас. „Македонскиот јазик е затворено прашање, и на научно и на политичко поле. Нашиот македонски јазик е реалност, ние сме македонски народ, кој зборува македонски јазик, јасно е како ден”, вели Заев.

Велите дека сте флексибилен за датумот на изборите. До каде оди таа флексибилност, би прифатиле ли избори во јули или останувате на ставот за јуни?

Избори треба да се одржат во првиот можен термин кога ризикот од ширење на заразата ќе биде сведен на минимум.

Затоа велиме изборите се решение, а не проблем. Тоа е одговорно, токму заради здравјето на граѓаните, заради развој на новата македонска економија, но и за заштита на демократијата преку соодветна контрола на Владата. Тоа може да се постигне само ако обезбедиме функционални демократски институции.

Ние не сме како Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да посакуваме избори без опозиција, нашиот демократски капацитет е многу поголем. Затоа учествувавме на лидерските средби и затоа бевме конструктивни на овие средби. Сакаме да се постигне договор, но нема да дозволиме да ѝ се нанесе штета на државата, нема да дозволиме да му се нанесе штета на здравјето на луѓето, ниту пак да влеземе во нова, уставна криза.

Договор за датумот на изборите теоретски може да се постигне до истекот на вонредната состојба на 30 мај. По сила на законот, изборите треба да се одржат 22 дена по завршувањето на вонредната состојба. Доколку не се постигне договор, сите политички партии знаат дека течат законските рокови и по завршувањето на вонредната состојба, во законскиот рок од 22 дена мора да одиме на избори. Се разбира, секое одолжување е на штета на здравјето на граѓаните, на штета на економијата и на штета на демократијата – ние вакви штети нема да дозволиме, преголеми одолжувања не се прифатливи.

СДСМ е одговорна партија, така се однесувавме до сега и така ќе продолжиме да се однесуваме.

По втората лидерска средба на која не се постигна договор за датумот на изборите, веќе се зборува за нова лидерска. Подготвен сте за тоа? Што би имало повеќе на таа нова лидерска ако сите остануваат на својот став за датумот за избори?

Ние сме демократи и цениме дека изборите треба да се демократски натпревар меѓу власта и опозицијата. Оттука, ќе направиме сè што е потребно за да обезбедиме опозицијата да учествува. Немаме никаков проблем да разговараме со цел да постигнеме договор, но реков, нема да дозволиме да им се наштети на граѓаните ниту на државата преку непотребно одолжување.

Предлозите за избори на крајот на август или почетокот на септември, всушност се предлог воопшто да нема избори. Не постои ниту здравствен, ниту политички авторитет што може да тврди и да гарантира дека тогаш ќе нема ниту еден заболен случај. Наша одговорност е да им се спротивставиме на обидите да се предизвика политичка криза.

Не смее никој од нас ниту да проба, а камоли да придонесе да се загрози здравјето на нашиот народ, земјата да се соочи со уставна криза, со ќор-сокак, во кој би заглавиле сите процеси и активности што значат заштита на здравјето на граѓаните, спас на работните места, помош во нивниот домашен буџет.

Граѓаните на оваа држава што изминатиов период ги живеат и се носат со последиците од коронавирусот, заслужуваат сите заедно да покажеме одговорност и да се однесуваме државнички, водени од нивните потреби и интерес.

Во изминатите 2,5 години направивме многу, стигнавме далеку, остварувајќи ги стратегиските интереси, членство во НАТО и преговори со ЕУ и нема да дозволиме уназадување на државата.

Очекувам одговорност од сите политички чинители.

Доколку и по трет обид не се постигне договор, очекувате ли опозицијата да ги бојкотира изборите, бидејќи од ВМРО-ДПМНЕ веќе испратија порака „во јуни избори нема да има“?

Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да учествува на овие избори, кои и самите подолг период ги бараа и за кои заеднички се договоривме да се одржат на 12 април, по што опозицијата влезе и во техничката влада со свои кадровски решенија. Поради кризата ги замрзнавме изборните активности и ги одложивме изборите. Согласно со законските одредби, штом заврши вонредната состојба, продолжуваат и изборните активности.

Партиите веќе учествуваат на изборите. Кандидатските листи се поднесени, одобрени и утврдени до ДИК. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со сигурност ќе се најдат на гласачкото ливче бидејќи тој дел од изборниот процес веќе е завршен. Остануваат уште 20-тина дена за изборна кампања.

Сите услови за организација на финалните чекори од изборите се исполнети. Покрај мислењето од Комисијата за заразни болести, дека може да се подготват соодветни протоколи за реализација на изборите, добивме позитивен одговор и од ОБСЕ/ОДИХР дека се подготвени да продолжат со набљудувачката мисија.

Тоа е реалната состојба определена со законски одредби и тие треба да се почитуваат од сите, а најмногу од нас политичарите и политичките партии.

Сите изјави од политичарите се „во име на здравјето на граѓаните“, а се сведуваат на препукувања и меѓусебни навреди на лидерите. Ваква ли ќе биде и изборната кампања? Очекувате валкана кампања?

Не е голема визија или одговорност ако 100 пати повториш „здравјето пред сè“. Многу поголема одговорност е да зборуваш за здравјето додека им помагаш на граѓаните, додека соопштуваш факти и точни бројки дури и кога тие не се поволни, да се воздржиш од ширење невистини, да работиш на економски мерки што ја креваат потрошувачката и да не дозволиш вонредната состојба да ја загрози демократијата. Оттука, лесно е да се направи разлика меѓу оние што само се повикуваат на здравјето и оние што преземаат конкретни чекори да го заштитат.

За време на кризата, СДСМ делуваше целосно во интерес на граѓаните и државата, главен збор имаа стручните лица, здравствените работници, лекарите, институциите. Затоа и успеавме кризата да ја ставиме под контрола. Тоа е одговорност.

Next Post

Зошто ВМРО-ДПМНЕ им дава шанси на жолтите комбиња на параполициските структури од СДСМ да побегнат?

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk