Откако името кое му го дадоа на своето новороденче Илон Маск и пејачката Грајмс беше одбиено како прифатливо пред законот во Калифорнија, парот најави дека ќе го сменат, но не потенцираа што значи тоа.
Во неделата, на Инстраграм, пејачката Грајмс потврди дека бебето за кое досега се знаеше дека се вика X Æ A-12, сега ќе се вика X Æ A-Xii, едноставно нагласувајќи дека ги замениле арапските цифри во римски. Таа не појаснува дали измената е направена за името да биде во согласност со законот во Калифорнија според кој имињата на децата мора да се сочинети од буквите од абецедата.
Маск, кој веќе има 5 деца – Грифин, Ксавиер и тројката Дамиан, Саксон и Кај, вели дека неговата партнерка е „виновна“ за храбриот чекор со името.
А. Н. С.