ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Мицотакис: Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан

Мицотакис во говорот во Солун се осврна посебно и на двете земји кандидати за членство во Европската Унија. Во однос на Северна Македонија се задржа на Договорот од Преспа, повторувајќи го неговиот став дека се против, но и дека нема да ја изложи земјата на перипетии.

October 23, 2019 10:36
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан, не само затоа што тоа ја претвора перспективата во фактор на стабилност за регионот, алатка за модернизација на соседите, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Солун за време на неговиот говор на официјалната вечера на Меѓународниот симпозиум, а го повтори и ставот дека Договорот од Преспа е негативен за Грција, пренесе МИА.

-Многу пати, од овде, од Солун имам кажано дека ние сме земја која одново ќе стане протагонист во нашето соседство, на Балканот. Токму затоа очекуваме државите од Западен Балкан да одговорат правилно на обврските на нивната европска перспектива. Да не заборавиме дека тој пат беше отворен овде, во Солун, во 2003 година. Оваа наша позиција ја повторив и истакнав и на последниот Самит на Европската унија. Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Не само затоа што тоа ја претвора перспективата во фактор на стабилност за регионот, туку и затоа што е демократска алатка за притисок за неопходната модернизација на нашите соседи. И за решавање нашите билатерални разлики, рече грчкиот премиер.

Мицотакис во говорот во Солун се осврна посебно и на двете земји кандидати за членство во Европската Унија. Во однос на Северна Македонија се задржа на Договорот од Преспа, повторувајќи го неговиот став дека се против, но и дека нема да ја изложи земјата на перипетии.

-Сè уште верувам дека Договорот од Преспа е негативен договор за нашата земја. Гласав против, но чесно предупредувајќи ги Грците што произлегува од потпишувањето. Но, јас нема да го навредам нашиот државен грб, иако другите го ставија нивниот потпис под него. Ниту ќе изложам земјата на перипетии. Без да ризикуваме најмала дестабилизација, внимателно ќе следиме како нашите соседи одговараат на нивните обврски. И, се разбира, во решавањето на нерешените прашања, на прво место заштитата на македонските производи, рече Мицотакис и објасни дека за конкретното прашање, за производите детално разговарал на состанокот со префектот, градоначалникот на Солун и со производителите.

Next Post

Ментален затвор

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk