ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Мицкоски даде невистинита изјава – Не поддржував карантин ниту за Велигден, ниту пак сега

May 26, 2020 10:58
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на последниот прес даде изјава која е невистината:

Jас не ја поддржував ниту за време на големиот православен христијански празник кога беше карантинот, за време на Велигден. Не ја поддржувам ни сега. Ценам дека е премногу и ценам дека и тогаш, но и сега се потребни полиберални мерки, односно не е потребен ваков рестриктивен пристап, бидејќи не ја разбирам целта на овој рестриктивен пристап ако следниот ден немаме никакви мерки. Кога и понатаму би продолжиле со истиот пристап, тогаш да можеби би имал некакво разбирање, но ако вие воведете карантин 58 часа, а следниот ден заборавите дека воопшто постоел, тогаш не ја гледам исходноста на една таква постапка. Да бидам јасен и прецизен не ја поддржував ниту за Велигден ниту ни сега.

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ – прес на Х. Мицкоски – датум: 22.05.2020]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција одржана 22.05.2020 година, во одговор на новинарско прашање дали го подржува предлогот за 58-часовен карантин за време на викендот, кога се совпаѓаа два поголеми верски празници Св. Кирил и Методиј и Рамазан Бајрам, изјави:

Jас не ја поддржував ниту за време на големиот православен христијански празник кога беше  карантинот, за време на Велигден. Не ја поддржувам ни сега…  Да бидам јасен и прецизен не ја поддржував ниту за Велигден ниту ни сега.

Оваа изјава на Мицкоски не е вистинита, a еве и зошто. Со детално пребарување по интернeт како и на веб страната на партија, не може да се најде директно спротивставување на Мицкоски или на ВМРО-ДПМНЕ дека за Велигденските празници биле против долгиот карантин од петок од 16 часот до вторникот во 5 часот, односно цели четири дена.

Меѓутоа, пребарувањето на интернет покажува дека Мицкоски многу јасно ги подржал таквите мерки на здравствено-државните власти и тоа во обраќање до јавноста:

Овој Велигден е различен од оние Велигдени кои што јас ги паметам во животот, за жал. Поради оваа пандемија предизвикана од Ковид-19 вирусот ќе нема можност заедно со илјадници луѓе, православни христијани вечерта сабота спрема недела да го дочекам Христовото Воскресение пред некој од православните христијански храмови.

Но, тоа ќе го направам дома, во кругот на семејството, за да се заштитам себе, но, она што е поважно, да ги заштитам и другите. Самите ќе си ја потпевнуваме онаа строфа од Велигденската литургија, кога велиме дека Христос воскреснал од мртвите и со смрт смртта ја победи, а на оние во гробовите живот им даде.

Ајде сите ние заедно, почитувајќи ги препораките, да дадеме и да заштитиме што е можно повеќе човечки животи и овој Велигден да го прославиме во кругот на семејството, а Христовото Воскресение да го дочекаме заедно со нашите најблиски во нашите домови. Сигурен сум дека ќе успееме во тоа

Овие зборови на Мицкоски, како што нагласува и самиот во видео обраќањето, се на Велики Четврток, ден пред да започне долгиот карантин. На Велигден, пак, има обраќање на потпретседателот на партијата Александар Николоски, кој, исто така, во честитката повикува да се остане дома, што е индиректен показател дека и тој и партијата немале против мерките и препораките на властите:

Потребно е сите ние да дадеме свој придонес. Останувајќи дома во овој празничен ден, сите ние помагаме да се спречи ширењето на вирусот – вели Николоски.

Согласно горе наведеното, нема јасни показатели дека Мицкоски бил против тогаш предложените мерки и препораки, туку напротив, повикал да се почитуваат. Дури и во изјавите на нивниот претставник во Владата,  Наќе Чулев, нема такво противење, што би било некаков знак дека и Мицкоски бил против. Има такви назнаки, но дури по две недели, за првомајските празници, кога Чулев бил против долг карантин. Оттука, изјавата на Мицкоски дадена на 22.05.2020, може да се оцени како невистина.

извор: Вистиномер

 

Next Post

Ковид амбуланта на Стоматологија со одделен влез

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk